Виља Клара (покраина)
Виља Клара Provincia de Villa Clara | |
---|---|
Покраина во Куба | |
Влезот во покраината | |
Земја | Куба |
Админ. центар | Санта Клара |
Површина[1] | |
• Вкупна | 8.413,13 км2 (324,833 ми2) |
Население (31 дек 2010)[1] | |
• Вкупно | 803.562 |
• Густина | 0,96/км2 (2,5/ми2) |
Час. појас | EST (UTC-5) |
Виља Клара (шпански: Provincia de Villa Clara) е една од покраините во Куба. Поголеми градови во оваа покраина се Санта Клара (главниот град), Сагва ла Гранде, Пласетас, Камахуани, Ремедиос и Кајбариен.
Брегот на Виља Клара изобилува со бројни корални острови, а има и многу корални гребени и песочни плажи.
Околу Санта Клара, земјиштето се издига во Алтурас де Санта Клара. Највисока точка во покраината се наоѓа тука, на 464 м надморска височина. Виља Клара има и бројни езера кои се користат и за водени спортови и за риболов. Рио Сагба ла Гранде, најголемата кубанска река, исто така се наоѓа во оваа покраината.
Шеќерот од кој зависи кубанската економија се одгледува во рамнините северно од покраината и неколку мелници обезбедуваат работа за многу луѓе.
Покраините Сиенфуегос, Санкти Спиритус и Виља Клара биле некогаш дел од покраината Санта Клара.
Општини
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Lugar que ocupa el territorio según la superficie y la población“ (PDF). Una MIRADA a Cuba. Oficina Nacional de Estadísticas. Cuba. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-11. Посетено на 2013-02-15.
- ↑ Atenas.cu (2004). „Трендови на населението во 2004 г. по покраини и општини“. Архивирано од изворникот 2007-09-27. Посетено на 6 октомври 2007. (шпански)
- ↑ Statoids (2003). „Општини во Куба“. Посетено на 6 октомври 2007. (англиски)