Артемиса (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Артемиса
Provincia de Artemisa
—  Покраина во Куба  —
Земја Куба
Админ. центар Артемиса
Површина[1]
 • Вкупна 4.004,27 км2
Највисока точка 699 м
Население (31 дек 2010)[1]
 • Вкупно 502.312 жит.
Час. појас EST (UTC-5)
Повик. бр. +53-47

Артемиса (шпански: Provincia de Artemisa) е една од двете нови покраини на Куба, создадени на почетокот на 2011 г. со подвојување на покраината Хавана.[2][3][4]

Најголем град и општина на поранешната покраина Хавана бил Артемиса. Новооснованата покраина се состои од 8 западни општини на покраината Хавана и 3 источни општини од соседната покраина Пинар дел Рио (Баија Онда, Канделарија и Сан Кристобал). Главен и најголем град на покраината е Артемиса (44.000 жит.).

Новата покраина е поголема само од градот Хавана и покраината Мајабеке, но има поголемо население од други четири. Исто така таа е најгусто населена, по градовите Хавана и Сантјаго де Куба.

Стопанството е мешано: се одгледуваат земјоделски култури како овошјето, компирот, оризот, раноградинарските производи, шеќерната трска), а индустриските капацитети се посветени на производство на градежни материјали (две цементарници), преработка на прехранбени производи и производство на електрична енергија. Од особена важност е пристанишниот град Мариел на северниот брег. Во покраината е сместена и главната база на воздухопловните сили (во Сан Антонио де лос Бањос), западната база на морнарицата (во заливот Кабањас) и воената академија „Антонио Масео“ во Кајмито.


Општини[уреди]

Карта на покраината Артемиса. Со темножолто се претставени општините што порано ѝ припаѓале на покраината Пинар дел Рио
Патна карта на покраината Артемиса
Општина Површина (км²) Население
Алкизар 194,36 32.501
Артемиса 688,7 82.917
Баија Онда 784,14 45.124
Баута 155,13 48.024
Гванахај 110,26 28.750
Гвира де Мелена 199,22 39.821
Кајмито 239,4 39.304
Канделарија 301,42 20.283
Мариел 270,85 44.786
Сан Антонио де лос Бањос 126,37 49.942
Сан Кристобал 934,4 70.940
Вкупно 4.004,27 502.392

Извор: Државни статистики за 2010 г.[5]

Наводи[уреди]