Ларс фон Триер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Ларс фон Триер

Ларс фон Триер во Кан 2000 година
Роден(а) Ларс Триер
Шаблон:Датум на раѓање и години
Копенхаген, Данска
Занимање филмски директор и сценарист
Ларс фон Триер

Ларс фон Триер (дански: Lars von Trier) (роден на 30 април 1956 во Копенхаген) е дански режисер. Тој додава „фон“ на неговото име по личен избор и како резултат на неговиот пренагласен аристократизам (кој, сам по себе е негов личен избор, бидејки не потекнува од аристократско семејство).

Зборувајки за детството, фон Триер нагласува дека му било дозволено сѐ, освен религијата, уживањето и чувствата. Признава дека тоа бил клучниот фактор кој влијаел на градењето на неговиот изразен стил, кој е доста познат, и се смета за еден од најрадикалните во киното.

На единаесетгодишна возраст почнува да прави кратки филмови на Супер 8 камера. На почетокот на осумдесеттите влегува во филмското училиште во Копенхаген. Неговите први три долгометражни филмови, сврзани во трилогија (трилогијата како начин на поднесување на неговите творби тој продолжува и понатаму да ја практикува), се на тема „Европа“, и даваат осврт на тогашната сегашност на Европа, и препраќаат кон можните варијанти за, пред сѐ, идната политика на континентот.


  • „Европа“ (1991) е еден од најзабележителните наслови во историјата на киното, тука фон Триер прави преседан во однос на користењето на задната проекција како техничка можност. Со „Европа“ тој ја добива таа година и наградата на жирито во Кан, гран-при за техничко решение, како и наградата за уметнички придонес.


Во 1995 година, тој и неколку други режисери, решаваат да создадат нова, радикална школа во кино-уметноста. Новиот бран се нарекува „Догме 95“, и е проследен со потпишан манифест кој содржи правила коишто го одредуваат визуелниот и до некаде тематскиот изразен стил на „Догме 95“ школата.

Од Догме-поредицата на Триер се „Идиотите“ (1998 година), „Спроти брановите“ , „Танчерка во ноќта“ (2000 година,со познатата пеjачка Бјорк во главната улога), „Догвил“ (2003), кој важи за еден од најсилно философските филмови во историјата на киното, и последниот, „Мандерлеј“ (2005).

Ларс фон Триер подготвува филм со наслов „Вашингтон“, кој заедно со „Догвил“ и „Мандерлеј“ ќе го затвори трилогискиот круг кој ја портретира Америка и нејзината општа политика.

Самиот фон Триер никогаш нема стапнато на американско тло, и на осудите од другите затоа што не бил во Америка, а пак ја критикува толку изразито, тој одговорил: „Па и американците не отидоа во Мароко за да го снимаат Казабланка“.