Кадаиф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кадаиф (арапски: كنافة‎ kunāfah, турски: künefe) е левантска тестена пита потопена во сладок шеќерен сируп, наречен шербет, типичен за регионите кои беа во состав на поранешното Отоманско царство. Тој е специјалитет на левантските земји (Либан, Јордан, Израел, Палестина, Сирија и Северен Египет). Скоро е ист со грчкиот и турскиот кадаиф.

Начин на приготвување[уреди]

Суровиот кадаиф се приготвува на следниов начин: Се прави тесто од бело брашно и јајца и се става во сад кој од долната страна е мрежест, нешто слично на сито. Потоа, од тој сад тестото се става во голема тепсија која е добро загреана на жар претходно нареден под неа. На тој начин се добива танок готов производ во вид на фиде кој се вади од тепсијата и лади. Од овој суров кадаиф се прави кадаифот за јадење такашто се става во длабока тепсија, над него се истура одредена количина масло, па се печи во рерна или во пекара. Откако ќе се испечи, врз него се налива густиот шеќерен сируп, односно шербетот.

Види уште[уреди]