Зелена салата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Зелена салата, марула
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Астроцветни
Фамилија: Сложноцветни
Род: Марули
Вид: L. sativa
Биномен назив
Lactuca sativa
Л.
Марула (путер-салата)
Хранлива вредност по 100 g (3.5 oz)
Енергеска вредност 55 kJ (13 kcal)
Јаглехидрати 2,2 гр
- Влакна 1,1 гр
Масти 0,2 гр
Белковини 1,4 г
Вода 96 гр
Витамин А (еквив.) 166 μг (21%)
Фолат (Вит. Б9) 73 μг (18%)
Витамин Ц 4 мг (5%)
Витамин К 102 μг (97%)
Железо 1,2 мг (Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“%)
Калиум 238 мг (5%)
Постотоците се според препораките за возрасни во САД.
Извор: USDA - база на хранливи материи

Зелена салата или марула е умерено едногодишно или двегодишно растение кое најчесто се расте како лиснат зеленчук. Во некои земји, како Македонија, се јаде ладна и свежа, во салати, сендвичи, и други јадења, додека во некои, како да речеме Кина, зелената салата се јаде зготвена, и дршката има подеднаква важност како листот.

Зелената салата првично има стебленце (розетен раст), но кога процветува, стеблото се продолжува и разгранува, па дава многу цветни глави кои личат на оние кај глуварчето, само помали. Ова се нарекува прецветување. За да биде јадлива, зелената салата се бере пред да прецвета. Растението е храна за ларви на некои Пеперутки.

Содржина

[уреди] Сорти

Постојат шест општопризнаени сортни групи на зелена салата (марула), тука подредени по главообразба и стуктурата на листовите. Во рамките на секоја од овие сортни групи постојат стотици сорти на марули избрани по боја и облик на листот, како и по способност да стои подолго:

  • Путер салата, има лабави глави; има путереста текстура. Овие се најпопуларни во Македонија и Европа.
  • Кинеска салата обично имаат долги, сабјести, главонеобразни листови, со горчлив и робусен вкус за разлика од западните видови, соодветен за потпржени и динстани јадења. Кинеските сорти на марула се делат на дршкоупотребни и листоупотребни видови како јоумајцај (油麦菜) или шенгцај (生菜).
  • Кочанеста салата, има цврсти, густи глави како кај зелката. Овие се најслаби по вкус и се користат повеќе заради крцкавата текстура отколку заради вкусот.
  • Бескочанеста салата, со нежни, меки и слаби по вкус лисја. Тука спаѓаат назабените и црвенкастите марули.
  • Римска салата, наречена и Кос, е главообразен тип со продолжени листови.
  • Батависка салата, обликуват умерено густи глави со крцкава текстура; ова е среден тип помеѓу кочанестите и бескочанестите марули.

Некои марули (како кочанестата) се особено одгледани на начин на кој им се отфрлила горчината од листовите. Овие имаат голем процент на вода и мала хранливост. Погорките и попигментираните марули содржат антиоксиданти.

[уреди] Занимливости

Некои сорти на зелена салата
  • Лактукариум (или „Марулен опиум“) е блага опијатна супстанција која се содржи во сите видови зелени салати. Затоа старите егпијани и римјани јаделе марула ако сакале поубаво да заспијат.[1]
  • Најголемата зелена салата тежела 11 kg, и била од сортата Салад Боул, израсната од Колин Боукок од Виластон, Англија, во 1974.
  • Во САД, 95% од сета зелена салата расте во Калифорнија и Аризона.
  • Јазидистите не јадат зелена салата.

[уреди] Историја

Марулата какошто ја знаеме денес започнала како коров по средоземјето. Се служи како храна повеќе од 4500 години, и се јавува низ историјата како на слики во египетски гробници, и во разликувањето на разните видови марула во делата на старогрчките научници. Кристофер Колумбо ја донел марулата во Америка, а со тоа подоцна истата почнала да се одгледува и во САД.[1]

[уреди] Заболувања

[уреди] Белешки

  1. "Lettuce - Lactuca sativa - Daisy family". Hamilton, Dave (2005).

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици