Елјеро Елија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Холандија Елјеро Елија
Лични податоци
Роден на 13 февруари 1987
Роден во Вурбург, Холандија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција Лево крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Истанбул Башакшехир Истанбул Башакшехир
Број 11
Младинска кариера
АДО Ден Хаг АДО Ден Хаг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2007 АДО Ден Хаг АДО Ден Хаг 59 (6)
2007–2009 Твенте Твенте 64 (11)
2009–2011 Хамбургер Хамбургер 52 (7)
2011-2012 Јувентус Јувентус 4 (0)
2012-2015 Вердер Бремен Вердер Бремен 66 (4)
2015Саутхемптон Саутхемптон 16 (2)
2015- 2017 Фејенорд Фејенорд 44 (15)
2017– Истанбул Башакшехир Истанбул Башакшехир 12 (1)
Репрезентација
2007- Холандија Холандија 28 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Елјеро Елиа (холандски: Eljero Elia) — холандски фудбалер, кој игра на позицијата крило за Истанбул Башакшехир и за холандската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Елија својата кариера ја започнал во тимот на Адо Ден Хаг за кого одиграл 3 сезони како сениор.Своето деби го имал 2004 кога имал само 17 години.Во 2007 со доаѓањето на новиот тренер Лекс Шоенмакер почнуваат конфликти меѓу тренерот и Елиа и тоа е главната причина поради која тој решава да го напушти клубот и да му се приклучи на Твенте.

Твенте[уреди | уреди извор]

Во моментот кога тој потпишал за Твенте за него бил заинтересиран и Холандскиот гигант Ајакс.Во периодот додека тој играше за Твенте се претвори во еден од најдобрите играчи во лигата. Во 2009 година бил избран за талент на годината во Холандскиот фудбал.

Хамбургер[уреди | уреди извор]

На 5 јули 2009 Елија потпишал за Хамбургер за 8.9 милиони евра. На 9 август 2009 дебитирал за својот нов тим во 70-тата минута влегувајќи како замена за Пиотр Троховски. Тој одиграл добра прва сезона во Бундеслигата постигнувајќи 5 гола на 24 меча. Тоа му дало шанса да се најде во тимот на својата земја за Мундијалот 2010-тата. Но по многу полошата втора сезона во Хамбургер тој решил да замине од Германија.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 31 август 2011 Елија потпиша за Јувентус за сума од 9 милиони евра. Своето деби за Јувентус го направи на гостувањето кај ФК Катанија, кога го започнал натпреватот како стартер. Но, уште на полувремето незадоволен од неговата игра тренерот на Јувентус, Антонио Конте го замени Елија со Симоне Пепе. Натпреварот заврши 1:1. Елија имаше една од најлошите сезони во својата кариера појавувајќи се во игра само 4 пати без постигнат гол. Но, сепак на крајот од сезоната Јувентус станува шампион на Италија, и Елија се закитува со своето прво Скудето во кариерата и прва титула државен првак на некоја земја (каде што настапувал), што ги става во втор план неговите лоши перформанси.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Своето деби за холандската репрезентација Елија го направил во подготовките за Светското првенство 2010 во Јужна Африка.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]