Елјеро Елија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елјеро Елија
Eljero Elia
HSV ELJERO ELIA.jpg
Лични податоци
Роден на 13 февруари 1987
Роден во Вурбург, Холандија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Положба Лево Крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Вердер Бремен
Број 11
Младинска кариера
Адо Ден Хаг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2007 Адо Ден Хаг 59 (6)
2007–2009 Твенте 64 (11)
2009–2011 Хамбургер СВ 52 (7)
2011-2012 Јувентус 4 (0)
2012- Вердер Бремен 0 (0)
Репрезентација
2007- Холандија 26 (2)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Елјеро Елиа (холандски: Eljero Elia) е холандски фудбалер кој во моментов игра за тимот од Бундеслигата, Вердер Бремен и за Фудбалската репрезентација на Холандија. Тој го направи своето деби за Холандија во подготовките за Светското првенство 2010 во Јужна Африка.

Клубска кариера[уреди]

Елија својата кариера ја започнал во тимот на Адо Ден Хаг за кого одиграл 3 сезони како сениор.Своето деби го имал 2004 кога имал само 17 години.Во 2007 со доаѓањето на новиот тренер Лекс Шоенмакер почнуваат конфликти меѓу тренерот и Елиа и тоа е главната причина поради која тој решава да го напушти клубот и да му се приклучи на Твенте.

Твенте[уреди]

Во моментот кога тој потпишал за Твенте за него бил заинтересиран и Холандскиот гигант Ајакс.Во периодот додека тој играше за Твенте се претвори во еден од најдобрите играчи во лигата. Во 2009 година бил избран за талент на годината во Холандскиот фудбал.

Хамбургер[уреди]

На 5 јули 2009 Елија потпишал за Хамбургер за 8.9 милиони евра. На 9 август 2009 дебитирал за својот нов тим во 70-тата минута влегувајќи како замена за Пиотр Троховски. Тој одиграл добра прва сезона во Бундеслигата постигнувајќи 5 гола на 24 меча. Тоа му дало шанса да се најде во тимот на својата земја за Мундијалот 2010-тата. Но по многу полошата втора сезона во Хамбургер тој решил да замине од Германија.

Јувентус[уреди]

На 31 август 2011 Елија потпиша за Јувентус за сума од 9 милиони евра. Своето деби за Јувентус го направи на гостувањето кај ФК Катанија, кога го започнал натпреватот како стартер. Но, уште на полувремето незадоволен од неговата игра тренерот на Јувентус, Антонио Конте го замени Елија со Симоне Пепе. Натпреварот заврши 1:1. Елија имаше една од најлошите сезони во својата кариера појавувајќи се во игра само 4 пати без постигнат гол. Но, сепак на крајот од сезоната Јувентус станува шампион на Италија, и Елија се закитува со своето прво Скудето во кариерата и прва титула државен првак на некоја земја (каде што настапувал), што ги става во втор план неговите лоши перформанси.

Титули[уреди]

Италија Јувентус[уреди]