Димитар Бербатов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Димитар Бербатов
Dimitar Berbatov
Mitko Berbatov cropped.jpg
Лични податоци
Роден на 30 јануари 1981 (1981-01-30) (33 г.)
Роден во Благоевград, Бугарија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Положба шпиц
Клупски податоци
Сегашен клуб AS Monaco
Број 15
Младинска кариера
Пирин Благоевград
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2001 ЦСКА Софија 49 (26)
2001 Баер Леверкузен Аматери 7 (6)
2001-2006 Баер Леверкузен 154 (69)
2006-2008 Тотенхем 70 (27)
2008-2012 Манчестер Јунајтед 108 (48)
2012- Фулам 50 (19)
2014– AS Monaco clubs7 5 (2)
Репрезентација
1999-2010 Бугарија 77 (48)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Димитар Иванов Бербатов (бугарски: Димитър Иванов Бербатов, Шаблон:IPA-МК); роден 30 Јануари 1981 година) е Бугарски фудбалер кој игра како напаѓач за Манчестер Јунајтед. По доаѓањето во Англија познат е по својот прекар Берба. Тој беше капитен на Бугарскиот национален фудбалски тим од 2006 до 2010, и е нејзин водечки стрелец на сите времиња. Тој ја има освоено и наградата Бугарски Фудбалер на Годината рекордни седум пати, надминувајќи го бројот на победи на легендарниот Бугарски фудбалер Христо Стоичков.

Роден е во Благоевград, а Бербатов ја започна кариерата во клубот од родниот град, екипата на Пирин пред да потпише за ЦСКА Софија како 17-годишен во 1998 година. Тој потпиша за германскиот Бундеслигаш Баер Леверкузен 04 во јануари 2001 година и игра во своето прво финале на Лигата на шампионите, 18 месеци подоцна. Во мечот тој влезе како замена, но не успеа да му помогне на својот тим Баер Леверкузен да избегне пораз со 2:1 од Реал Мадрид. По пет и пол години во Леверкузен, тој му се приклучи на англискиот клуб Тотенхем во 2006 година во месец јули, каде што помина две години пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој играше во своето второ финале на Лигата на шампионите во 2009, но таму пак неговиот тим загуби со 2-0 од Барселона. Бербатов е првиот не-Англичанец во историјата на Премиер лигата кој успеал да постигне пет гола на еден натпревар, откако тоа му појде од рака во победата од 7-1 на Манчестер Јунајтед над Блекбурн Роверс во ноември 2010 година.

Бербатов го направи своето деби за Бугарија на 17 ноември 1999 година, на возраст од 18 години, кога тој влезе како замена за Александар Александров во пријателскиот меч против Грција што тие го загубија со 1-0. Тој го постигна својот прв гол за својата земја на 12 февруари 2000 година во друг пријателски пораз, овојпат со 3-2 од Чиле. Тој го постигна својот прв хет-трик (за својата селекција) во победата од 6-2 на домашен терен во квалификациите за Светското Првенство 2010 против Грузија во октомври 2009 година.

Титули[уреди]

Бугарија ЦСКА Софија[уреди]

Германија Баер Леверкузен[уреди]

Англија Тотенхем[уреди]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди]

Надворешни врски[уреди]