Воли

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Воли
WALL-E“
Филмскиот плакат
РежисерЕндрју Стентон
ПродуцентЏим Морис
Џон Лестер
СценаристЕндрју Стентон
Питер Доктер
Џим Риардон
Главни улогиБен Берт
Елиза Најт
Сигурни Вивер
Џеф Гарлин
Жанркомедија
анимација
научна фантастика
романтика
МузикаТомас Њуман
Питер Габриел(песна)
ДистрибутерWalt Disney Pictures
Премиера САД
27 јуни 2008
Времетраење97 минути[1]
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$180.000.000[2]
Бруто заработка$532.936.655[3]

Воли (англиски: WALL-E)— анимиран научнофантастичен филм продуциран од студиото за анимирани филмови Пиксар, и прикажан во кино салите на Дизни на 27 јуни 2008. Воли беше реализиран на ДВД и Блу-Реј на 4 ноември 2008. Филмот е режисиран од страна на Ендрју Стентон кој претходно го режирал филмот Барајќи го Немо. Дејството на овој филм е сместено во иднината, 700 години од сегашноста и ги следи авантурите на еден робот по име Воли, кој бил заборавен на Земјата кога луѓето ја напуштиле заради преплавување со отпад. Повеќето од ликови немаат човечки гласови, туку комуницираат со разни движења на телото и неповрзани звуци. Исто така ова е првиот филм на студиото Пиксар, во кој покрај регуларната компјутерска анимација, се појавуваат и вистински глумци. Овој филм добил големи пофалби од критичарите.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот почнува во 2815[4] на Земјата која е преплавена со отпад и на која нема никаков знак за каков било вид на живот. Мегакомпанијата Buy 'n Large, која претходно ги преземала сите сервиси во светот вклучувајќи ја и владата на САД, организирала преселување на луѓето од безживотната планета, на повеќе вселенски одморалишта меѓу кои најголемо и најлуксузно е Axiom. Ова патување низ вселената било предвидено да трае пет години додека илјадници Воли роботи го средуваат отпадот на Земјата. Оваа операција била неуспешна откако било забележано дека отпадот на земјата бил премногу токсичен, и дека ниеден жив организам не би можел да преживее во такви услови. Луѓето ги деактивирале сите Воли роботи, но случајно заборавиле еден (главниот лик). Овој Воли робот продолжува да ја врши работата за која бил програмиран (средувајќи го отпадот на Земјата), а притоа тој пронаоѓа интересни корисни и бескорисни предмети како видео рекордер, џебна лампа, диамантски прстен, па дури и пластичен прибор за јадење. Сите овие предмети Воли ги собира, и ги носи во складиштето во кое чува резервни делови за поправка (во случај ако некој негов дел престане да функционира) и предмети кои ги пронајдол додека работел.

Еден ден, додека Воли се враќа од својата работа, тој забележува чудно црвено светло кое се движи, и одлучува да го следи. Црвеното светло го носи во центарот на слетувањето на една мала ракета од која еден нов робот наречен ИВ се појавувава. ИВ е женски робот испратен од капетанот на Axiom да ја скенира земјата, и да пронајде каков билоо растеније. ИВ се зближува со Воли кој и покажува дека додека работел, пронашол растеније. ИВ веднаш го скенира, го одзема од Воли, и го сместува во нејзината внатрешност. И набрзо се деактивира. Воли, кој првпат во своето постоење се заљубил, очајно и неуспешно се обидува да ја активира ИВ која потоа со истата ракета со која пристигна, е вратена на вселенскиот брод Axiom. Воли успева да се качи на ракетата, и набрзо тој пристигнува на Axiom.

Луѓето, по 700 години во вселената, со високата технологија, нездравото хранење и сите обврски извршувани од роботи, станале премногу мрзливи и морбидно дебели. Дури и капетанот му ги има предадено сите обврски со управувањето на бродот, на роботот АУТО кој служи за автоматско пилотирање на Axiom. Подоцна ИВ е покажана на капетанот кој забележува дека ИВ пронашла растение на Земјата, и дека луѓето конечно ќе можат повторно да живеат на истата. Воли, вешто скриен ја набљува ИВ која капетанот ја активира за да му го предаде растението. Но додека капетанот не гледа, АУТО го одзема растението на ИВ. Капетанот забележува дека ИВ го нема растението, и соопштува дека е лажен аларм. Капетанот подоцна го забележува Воли, и ги праќа двата робота (Воли и ИВ) на поправка.

Додека другите роботи ја подготвуваат ИВ за поправка, Воли помислува дека ја уништуваат, и затоа со пушката во роботската рака на Ив го руши местото, и ги ослободува расипаните роботи кои биле испратени на поправка. Роботите на обезбедувањето ги обележуваат Воли и ИВ како диви роботи и почнуваат да ги бркаат, но тие успеваат да им избегаат.

Изнервирана, ИВ сака де го испрати Воли назад на Земјата, но Воли се спротивставува. ГО-4 – помошник на капетанот и на АУТО, го носи растението (кое АУТО му го дал за да го уништи) во еден од кабините за лансирање во вселената, а Воли незебележливо влегува во кабината (за да го земе растението и да и го даде на ИВ) и е лансиран заедно со растението во вселената. ИВ го спасува Воли, а тој и покажува дека го спасил растението. ИВ е пресреќна бидејќи Воли го спасил растението и почнува да танцува со него во вселената. ИВ му го носи растенирто на капетанот, но АУТО му покажува едно видео во кое претседателот на Buy 'n Large кажува дека земјата е премногу загадена и дека аутопилотите треба да се погрижат за луѓето никогаш да не се вратат на земјата. Капетанот не сака да верува во видеото и вели дека растението кое ИВ го донесе на Axiom е доказ дека компанијата Buy 'n Large направиле грешка. АУТО не сака да го слуша тоа, и го фрла растението заедно со ИВ и Воли во депонијата на бродот, и го заклучува капетанот во неговата спална соба.

Капетанот успева да испрати порака до ИВ и Воли, кажувајќи им каде треба да го однесат растението за Axiom да се врати на Земјата. АУТО го наоѓа и сака да го убие капетанот, но е спречен од новата способност на капетанот да стои на неговите нозе. АУТО е деактивиран од страна на капетанот, а ИВ и Воли со помош на неколку други роботи, и луѓето на бродот, успеваат да го стават растението во системот на Axiom, и бродот конечно се враќа на Земјата. Воли се деактивира од преголемата штета што му ја нанесе АУТО. ИВ го враќа Воли на Земјата, и од неговото складиште, ги зема резервните делови и го поправа, Воли на ништо не се сеќава и продолжува да го средува отпадот, но ИВ го ”бакнува” и му ја враќа меморијата. Луѓето повторно почнуваат да живеат на Земјата.

Глумечка Екипа[уреди | уреди извор]

Бен Берт како техничкиот глас на Воли, главниот лик во филмот. Воли е робот кој работи на сончева енергија и негова задача е да го средуваотпадот на Земјата додека луѓето не се вратат од вселената. Овој робот е единствен преостанат од својот вид, бидејќи луѓето случајно заборавиле да го деактивираат кога го направиле тоа со сите други Воли роботи. Воли е љубопитен, а неговата љубопитност ќе го доведе во многу несакани ситуации од кои многу тешко ќе се извлекува.

Елиза Најт како ИВ, напреден робот чија главна задача е да пронајде какво било растенија на Земјата, за да се процени дали Земјата е способна да поддржи човечки живот. Ив е опремена со сензори со кои ќе може да го скенира и препознае растението и со вселенска моќна пушка во својата десна роботска рака. Иако кога пристигна на Земјата таа беше бесчуствителен робот, по запознавањето со Воли таа започна да покажува знаци на љубов. Нејзиниот дизајн е инспириран од белите производи на компанијата Ејпл, како што е ај Под – от

Џеф Гарлин како капетанот на Axiom. Капетан Б. МекКри e шестиот капетан на вселенскиот брод Axiom Тој е капетан од 2775 до 2805 и како и остатокот на човештвото, и тој е морбидно здебелен и скоро секогаш во подвижна фотеља. Од ден на ден сите обврски му ги обврски роботот за автопилототирање - АУТО, но по враќањето на ИВ тој ги зема сите работи во свои раце.

Фред Вилард како Шелби Фортрајт, претседателот на мегакомпанијата Buy 'n Large во раниот 22 век, и организаторот на "Големата преселба". Овој човек нареди да се деактивираат сите Воли роботи на Земјата.

Џон Ратсенбергер Како Џон.

Кати Нејџими како Мери

Сигурни Вивер како компјутерот на Axiom

MacInTalk звуци беа користени за ликот АУТО. Ауто е автопилотот на Axiom, вграден во кормилото на бродот. Тој е главниот негативец во овој филм, бидејќи ја следи наредбата А113 во која Шелби Фортрајт (претседателот на Buy 'n Large) им соопштува на автопилотите дека по секоја цена треба да ги спречат луѓето од враќање на Земјата, бидејќи била премногу токсична и не можела да поддржи човечки живот.

Продукција[уреди | уреди извор]

Развој[уреди | уреди извор]

Воли е деветтиот анимиран долгометражен филм на Пиксар. Ендрју Стентон добил идеја за Воли уште во летото 1994, пред првиот филм на Пиксар - Приказна за играчките. По завршувањето на Приказна за играчките, Џон Ласетер, Питер Доктер, Џо Ранфт и Ендрју Стентон почнуваа да мислат приказни за следните филмови на Пиксар. Од ова планирање излегоа идеите за филмовите Животот на инсектите, Чудовишта, Барајќи го Немо и Воли. Оригиналната идеја за Воли беше: „Што ако луѓето ја напуштат Земјата, а некој заборавил да го исклучи последниот робот?“. Откако Стентон му ја кажал идејата на Доктер во 1995, тој започнал да работи на неа за неколку месеци, но се откажал и решил да почне да работи на филмот Чудовишта, бидејќи не бил сигурен дали ќе може да создаде успешна љубовна приказна. Стентон продолжил да ја создава приказната за Воли, и бил опседнат со правењето на анимиран филм во кој дејството ќе се одвива во вселената и во иднината. Кога Стентон го завршил правењето на Барајќи го Немо, тој почнал да се фокусира на создавањето на филмот Воли.

Ликот на Воли бил создаден на основа на лампата на логото на Пиксар. Ендрју Стентон сфатил дека ако се додадат очи во вид на двоглед, Воли би бил способен за правење на среќни, тажни, љубопитни или други емоции, и дека немало потреба од додавање на уста или нос. Еден од поважните критериуми за правење на ликот Воли, беше дека тој треба да е машина, но да може да мисли самостојно.

Стентон го доведе шафот на дизајнот на Ејпл - Џонатан Ив, за да му помогне во дизајнот на ИВ.

За да го долови шмекот на научно фантастичните филмови од шеесеттите и седумдесеттите, Стентон го ангажира Роџер Дикеинс за да ги произведе визуелните ефекти на филмот и Бен Берт кои ги создал звучните ефекти за серијалите Војна на ѕвездите и Индијана Џонс, за да ги создава звучните ефекти на филмот Воли.

Поврзаност со други филмови на Пиксар[уреди | уреди извор]

Луѓето од Пиксар во своите филмови, често вметнуваат ликови или објекти од минатите или идните филмови кои ги планираат.

  • Во складиштето на Воли може да се забележат играчките Рекс и Хам кои се појавуваат во Приказна за играчките, и играчка од Мајк кој е главен лик во филмот Чудовишта.
  • Кога Воли во ноќта спие на една полица, на полицата над него може да се забележи играчка од Фрозон кој се појавува во филмот Неверојатните.
  • Набрзо по слетувањето на ИВ на Земјата, таа скенира едно Pizza Planet комбе. Ова комбе има кратко појавување во сите девет филмови на Пиксар
  • На крајот во кредитите се појавува една морска желка која исто така се појавува и во филмот Барајќи го Немо.
  • Режисерот Ендрју Стентон признава дека очите на Воли биле инспирирани од ликот Лени од Приказна за играчките.
  • Кога Воли прави статуа од ИВ, една од рацете на статуата е стара лампа од логото на Пиксар.

Саундтрак[уреди | уреди извор]

Воли Саундтрак

Саундтракот на филмот Воли е направен од страна на Walt Disney Records. Листсата со песни е компонирана од Томас Њуман, кој исто така ја напиша песната "Долу на Земјата" заедно со Питер Габриел.

Саундтракот вклучува и две песни на Џери Херман од филмот Hello, Dolly! и една песна од перформансот на Луис Армстронг - "La Vie en rose".

За да се задржи шмекот на филмот, опаковката од CD-то е направаена од 100% рециклиран материјал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пиксар Проекција - Главна“. Pixar.com.
  2. „Продукцискиот буџет на филмот Воли“. Boxofficemojo.
  3. http://the-numbers.com/movies/2008/WALE.php
  4. Саундтракот на филмот

Надворешни Врски[уреди | уреди извор]