Pixar

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Pixar Animation Studios
Тип Филијала ма Walt Disney Motion Pictures Group (Disney)
Oснована 3 февруари, 1986
Седиште Емеривил, Калифорнија, САД
Клучни личности

Едвин Кејтмул, Претседател на Walt Disney Animation Studios и Pixar Animation Studios


Џон Лестер, креативен директор на Walt Disney Animation Studios и Pixar Animation Studios
Дејност Компијутерска-генерирана графичка анимација
Производи RenderMan, Marionette
Матично
претпријатие
The Walt Disney Company
Портал Pixar.com

Pixar Animation Studios или едноставно Pixar е продукциска компанија која произведува компјутерско анимирани филмови. Оваа компанија се наоѓа во Емеривил, Калифорнија, САД. До сега ова студио има освоено 21 Оскар, три Златни глобуси и една Греми награда меѓу останатите награди, признанија и достигнувања. Pixar е најпозната по своите филмови кои се изработени со специјален софтвер кој го произведува самата компанија. Овој софтвер им овозможува да ги направат филмовите во посебна компијутерско-генерирана графика.

Pixar првпат се појавува во 1979 како Graphics Group, дел од компијутерското одделение на Lucasfilm. Подоцна во 1986 ко-основачот на Apple, Стив Џобс решава да ја откупи од Lucasfilm и ѝ го дава сегашното име. The Walt Disney Company ја купува Pixar во 2006 на една размена каде што таа вредела 7.4 билиони долари.