La Vie en rose

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

"La Vie en Rose" (француски за "Живот во розово") е најпопуларната песна на француската пејачка Едит Пјаф.

Пјаф за првпат песната ја испеала во 1946. Текстот бил напишан од страна на Пјаф а мелодијата на песната од "Луиги" (Луис Гуљеми). англиската верзија на текстот била напишана подоцна од страна на Мак Дејвид. Поради нејзината популарност, оваа песна се појавува на многу албуми на Пјаф. Документарниот филм за Едит Пјаф од 1998 се вика исто така La Vie en Rose, а истиот наслов се користи и за биографскиот филм кој се појави во 2007 година La Vie En Rose, за кој Марион Котијар, којашто ја играше Пјаф,освои Оскар за најдобра актерка.

Оваа песна подоцна е изведувана од многу музичари. Има освоено награда Греми во 1998.

Познати наслови[уреди]

Верзијата на Грејс Џонс[уреди]

"La Vie en Rose" беше третиот сингл на американската позната пејачка Грејс Џонс. Верзијата на Џонс на песната "La Vie en Rose" беше издавана како сингл во 1977, 1980, 1982 и 1985.

Верзијата на Дона самер[уреди]

Американската пејачка Дона Самер ја испеа "La Vie en Rose" во 1993 во албум во чест на Едит Пјаф, Tribute to Edith Piaf, издаден во Франција и во САД, во кои повеќе пејачи ги изведуваат некои од најпознатите песни на Пјаф.

Листа на синглови (CD синглови - Франција)[уреди]

  1. "La Vie en Rose" (US Radio Mix - Remixed by Humberto Gatica) - 3:43
  2. "La Vie en Rose" (Full Bass Mix - Remixed by Colin Peter & Carl Ward) - 4:25
  3. "La Vie en Rose" (Extended Soul Mix - Remixed by Colin Peter & Carl Ward) - 7:40
  4. "La Vie en Rose" (Stringapella Mix - Remixed by Colin Peter & Carl Ward) - 5:43


Листа на други познати изведувачи на песната "La Vie en Rose"[уреди]

Филмови во кои се појавува песната "La vie en rose"[уреди]

Книги и телевизија[уреди]

Наводи[уреди]

  1.   Édith Piaf biography from Radio France International

Надворешни врски[уреди]