Нагоре (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Нагоре“ | |
Филмскиот постер |
|
| Режирано од | Питер Доктер Ко-режисер: Боб Пeтерсон |
|---|---|
| Продуцент | Џонас Ривера Извршни продуцери: Џон Ласетер Ендру Стентон |
| Сценарист | Сценарио: Питер Доктер Боб Пeтерсон Приказна:Питер Доктер Боб Петерсон Томас МекКарти |
| Настапуваат | Едвард Аснер Кристофер Пламер Џордан Нагаи Боб Петерсон Делрој Линдо |
| Музика | Мајкл Гиачино |
| Студио | Pixar Animation Studios |
| Дистрибутер | Walt Disney Pictures |
| Премиера | Северна Америка: 29 мај, 2009 Австралија: 3 септември, 2009 Обединетото Кралство: 9 октомври, 2009 |
| Времетраење | 96 минути |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | $175 милиони |
| Бруто заработка | $683,004,164 |
Нагоре (англиски: Up) e американски анимиран филм од 2009 продуциран од Pixar, и дистрибуиран од страна на Walt Disney Pictures. Овој филм за прв пат беше прикажан во кино салите низ Северна Америка на 29 мај, 2009, а во Обединетото Кралство на 9 октомври, 2009. Овој филм беше и првиот анимиран филм кој го отворил Канскиот филмски фестивал.
Нагоре е вториот филм режиран од страна на Питер Доктер по анимираниот филм од 2001, Чудовишта. Нагоре е десетиот долгометражен филм продуциран од студиото Пиксар, и првиот во кој се користи новата „Disney Digital 3-D“ технологија. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат актерите Едвард Аснер, Кристофер Пламер, Боб Петерсон, и Џордан Нагаи.
Филмот ги следи авантурите на еден намуртен стар човек по име Карл Фредриксен и еден млад природен истражител по име Расел. Тие летаат низ Јужна Америка со куќа на која се заврзани илјадници балони со хелиум. Филмот беше позитивно прифатен од страна на публиката и критичарите и има зачудувачки рејтинг од 98% на интернет страницата Rotten Tomatoes.
|
||||||||||||||