Барајќи го Немо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Барајќи го Немо
(Finding Nemo)“
444px-Nemo-poster2.jpg
Режирано од Ендрју Стентон
Ли Ункрич (ко-режисер)
Продуцент Грахам Волтерс
Сценарист Приказна:
Ендрју Стентон
Сценарио: Ендрју Стентон
Боб Петерсон
Настапуваат Алберт Брукс
Елен ДеЏенерис
Александер Гоулд
Вилем Дафо
Бред Герет
Дистрибутер Walt Disney Pictures
Премиера 30 мај 2003
Времетраење 104 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $94,000,000
Бруто заработка $864,625,978

Барајќи го Немо (англиски: Finding Nemo) е американски анимиранфилм од 2003 год. Филмот во САД почна да се прикажува на 30 мај 2003 и во првиот викенд на прикажување заработи 70 милиони долари, што дотогаш беше рекордна заработка за еден анимиран филм, а година ден подоцна рекордот го освои Шрек 2, заработувајќи 108 милиони долари. Во март 2004, Барајќи го немо беше меѓу десетте филмови со најголема заработка на сите времиња, заработувајќи 850 милиони долари во цел свет.

Синопсис[уреди]

Филмот ја раскажува приказната за Рибата клаун по име Марлин. Заради несреќата која му ја убила жената и сите деца освен Немо, грижата на Марлин за својот единствен син е претерана, што го поттикнува Немо да отплива во длабочините во намера да му докаже на неговиот татко дека таму нема никакви опасности. Меѓутоа, го ловат ронилци кои се спуштаат со бродот и завршува во аквариум за забна ординација во Сиднеј. Марлин оди во потрага по Немо, а ја сретнува и заборавната плава танг риба по име Дори, која одлучува да тргне заедно со него. Марлин е присилен на одењето во непознатиот и опасниот свет во кој не е ни како во сон што го замислувал, а Дори му помага да сфати дека бил престрог спрема неговиот син. Немо во меѓувреме со уште неколку риби се наоѓа во аквариумот во забна ординација, каде се обидуваат да смислат начин како да дојдат до блискиот океан. Гил, главната риба во аквариумот, тогаш тоаѓа на идеја да стави зрно во филтерот за прочистување, како забарот во текот на чистењето на нечистотиите да ги стави во пластична вреќа покрај прозорот со кој би можеле да се доближат до океанот. Немо со многу маки успева во тоа, но забарот следното утро гради модерен филтер без да ги вади рибите од аквариумот. Марлин и Дори на својот пат наидуваат на бројни проблеми, и мора да се соочат со медузите и големиот кит. Меѓутоа, тие наоѓаат на група желки кои патуваат спрема Сиднеј, и одлучуваат да ги следат и да стигнат до својата цел.

Глумци Ликови
Алберт Брукс Марлин
Александер Гоулд Немо
Елен ДеЏенерис Дори
Вилем Дафо Гил
Елизабет Перкинс Корал
Џефри Раш Нигел