Вивиен Вествуд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Вивиен Вествуд

Вивиен Вествуд (англиски: Vivienne Westwood)(родена на 8 април 1941 година) е Британска модна дизајнерка одговорна за донесување на панк и new wave модата во мејнстримот. Нејзиниот живот и кариера се поврзува со популарниот бенд Sex Pistols односно со Малком МекЛарен и нивниот SEX бутик на Кингс Роуд, Челзи во Лондон во 1970 година.

Содржина

[уреди] Почеток на кариера

Вествуд е родена како Робин Нортон во градчето Тинтвистел (во областа Дербишир) на 8 април 1941 година. Студирала на Harrow School of Art а подоцна се запишува на Вестминистер Универзитетот каде што посетува еден семестар. Таа завршува на Мидлсекс Универзитетот Трент Парк Колеџ и предава во основно училиште во Северен Лондон. Вествуд уживала во својата учителска кариера.

[уреди] Малком МекЛарен

Првиот сопруг на Вивиен бил Дерек Вествуд со кого има едно дете, Роуз. Нивниот брак траел три години. Таа се запознава со Малком МекЛарен, подоцна познат како менаџер на панк бендот The Sex Pistols. Вествуд и МекЛарен живееле во стан во Клапам и имаат син, Џозеф. Вествуд продолжила да предава се до 1971 година, кога Малком решава да отвори продавница на 430 Кингс Роуд наречена Let It Rock (позната и како Sex, Too Fast To Live Too young To Die, Seditionaries) таму Вествуд за прв пат почнува да го продава своите жестоки модели. Во овој период Вествуд, МекЛарен и уметникот Џими Рид биле под влијание на Ситуационистичката Интернационала која е позната по своето влијание врз анархистите. И денес Вествуд се уште ја поседува оваа продавница денес позната како World`s End и тука го продава својот бренд Англоманија.

[уреди] Панк

Панк стилот започнал да станува озогласен откако Sex Pistols започнале да носта облека од бутикот на Вествуд и МекЛарен на нивната прва свирка. Стилот вклучувал завои, безопасни игли, жилети, разни ланци од велосипеди и кучешки околувратници како модни додатоци. Сето ова било зачинето со откачена шминка и фризура. Дизајнерските елементи вклучувале присвојување на традиционални елементи од Шкотскиот дизајн како што е карирана волнена ткаенина која е еден од најневообичаените елементи користени од Вествуд како и кројачки принципи кои се историски забележани во 17 и 18 век, реинтерпретирани кај машките пантолони. Овие традиционални контрасти служеле за да се постигне комплетен шокирачки ефект на моделите. Останатите влијанија кои Вествуд ги ивршува во модниот свет е масовната употреба на сомотот и плетените модели. Заедно, Вествуд и МекЛарен работат да се направи комплетна револуција во модата, а тој удар се чувствува и ден денес. Таа денес има само десетина ексклузивни бутици, три во Лондон, три во Манчестер, по една во Ливерпул, Глазгов и Лидс. Деветата продавница е отворена во Нотингем на 20 март 2008 година, а десетата во Јорк на 11 септември 2008 година.

[уреди] Уметнички колекции

Првата голема Ретроспектива на нејзината работа е покажана во 2004/2005 година во Викторија и Алберт Музејот во Лондон како и во Националната Галерија во Австралија. Изложбата била концепирана околу 145 комплетни модели групирани во теми, од раните 70-сети па се до денес, извлечени од нејзината лична архива и V&A колекцијата.

[уреди] Уметничко влијание

Вествуд низ целата своја кариера е заслужна и влијателна за кариерите на многу други дизајнери во британската модна индустрија. Последното нејзино забележително влијание е кога го најмила Патрик Кокс да ги дизајнира чевлите за нејзината колекција наречена Клинт Иствуд во 1984 година. Резултатот од оваа соработка бил прототип на многу високи потпетици од кои супермоделот Наоми Кмпбел славо падна на модното шоу во Париз во 1994 година. Во мај 2006 година Вествуд напиша поема и обезбеди лични фотографии за природниот резерват во Тинтвисл каде што е родена и порасната. На овој резерват му се заканува уништување заради градежништво.

[уреди] Политички активист

Вествуд е позната како политички активист. Во 2008 година таа ги организираше најголемите протести против нуклеарното оружје во последните 10 години. Во септември 2005 година, Вествуд им се придружи на групациите во Британија за заштита на човековите права и лансираше лимитиран дизајн на маички и бебешка облека со слоганот "Јас не сум терорист, ве молам не ме апсете" (I AM NOT A TERRORIST, please don't arrest me).

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици