Најџел Фараж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Најџел Фараж
MEP
Nigel Farage MEP 1, Strasbourg - Diliff.jpg

Во служба
Стапил
5 Ноември 2010
Во служба
27 Септември 2006 – 27 Ноември 2009

Во служба
Стапил
15 Јули 1999
Лични податоци
Роден(а) април 1964 03 (03-04-1964) (2011 г.)
Кент, Велика Британија
Националност Британец
Партија Независна Партија на Обединетото Кралство
Сопружник Грејни Хејс (1988-1997, div.)
Кристен Мер (1999-present)
Деца 4
Образование Далвич Колеџ
Занимање Политичар
Портал Nigel Farage MEP

Најџел Пол Фараж( роден на 3 Април, 1964) е британски политичар и лидер на Независната партија на Обединетото Кралство(УКИП) од 2010; тој исто така на оваа функција беше и од Септември 2006 до Ноемрври 2009. Од 1999 тој е член на Европскиот парламент, како претставник од југо-источна Англија и копретседава со евроскептичната партија.

Фараж е член од основањето на УКИП,откако во 1992 по потпишувањето на договорот од Мастрихт, ја напушти Конзервативната партија. По неуспешното водење на кампањите за Европските парламентарни избори и парламентарните избори во Вестминстер, тој доби место како член во Европскиот Парламент како претставник за југо-источна Англија на Европските избори во 1999-првата година беше употребена изборната листа-а беше повторно избран во 2004 и 2009. Фараж себе си се опишува како слободоумен и ги негира сите уедувања дека всушност е конзервативец. Во Септември 2006, стана лидер на УКИП и во 2009 ја предводеше партијата на Европските парламентарни избори, кога го освоија вториот најголем дел од гласовите на народот, победувајќи ги Лабористите и Либерал Демократите со повеќе од два милиони гласови. И покрај тоа, тј се повлече во Ноември 2009, за да се посвети на борбата за позицијата на спикерот Џон Берков на изборите во 2010. На изборите во 2010, Фараж не успеа да го симне Берков од функција, и освои само трет најголем дел од гласовите на избирачите.На 6 Мај, брзо по отварањето на изборите Фараж беше повреден во авионска несреќа во Нортамптоншир. Двоседот PZL-104 WILGA 35A влечел транспарент за УКИП, во моментот кога се превртел и урнал бргу по полетувањето.И Фараж и пилотот биле хоспитализирани со повреди безопасни по животот.

Во Ноември 2010 Фараж успешно влезе во трката за лидер на УКИП,по оставката на нејзиниот дотогашен лидер Лорд Пирсон од Ранох. Фараж исто така според The Daily Telegraph беше рангиран на 41 место од изборот на 100 Највлијателни десничари во Октомври 2009, посочувајќи ја неговата умешност со медиумите и успехот со УКИП на Европските избори.

Фараж е познат по своите жестоки и понекогаш конторверзни говори.

Потекло[уреди]

Фараж е роден на 3 Април 1964 во Farnbotough, Kent, како дете на Гај Фараж и Барбара Стивенс. Неговиот татко бил брокер во City, и го напуштил семејството кога Најџел имал 5 години. Фараж се школувал во Dulwich College. Во 1982 тој и се приклучил на Лондонсата стоковна брокерска фирма Drexel Burnham Lambert. Во 1986 тој и се приклучил на Credit Lyonnais Rouse. Во 1994 се приклучил во Refco и во 2003 во Natexis Metals.Во неговите рани двесети, му дијагностицирале рак на тестиси, но тој компплетно се опоравил.Фараж бил оженет двапати. Тој во 1988 се оженил со Gráinne Hayes, со која има две деца: Семјуел(1989) и Томас(1991). Бракот завршил во 1997. Во 1999 тој се оженил со Кристен Мер, Германка по националност, и имаат 2 деца: Викториа (родена 2000) и Изабел (родена 2005). Фараж има објавено книга со мемоари, насловена како Fighting Bull, во која е сумирано основањето на УКИП и неговиот досегашен личен и политички живот.

Политичка кариера[уреди]

Конзервативна Партија[уреди]

Активен во конзервативната Партија од неговите училишни денови, Фараж ја напушта партијата во 1992 кога владата на Џон Мајор го потпиша Договорот со Европската Унија во Мастрихт.

НПОК и Европскиот Парламент[уреди]

Фараж беше основачки член во 1993. Тој во 1999 беше избран во Европскиот парламент, а повторно беше избран во 2004 и 2009 . Во моментов Фараж е лидер на 13 члениот контигент од УКИП во Европскиот Парламент, и колидер на мултинационалната евроскептична група, Слободна и Демократска ЕВропа.

Раководење на УКИП[уреди]

На 12 септември 2006, Фараж беше избран за лидер на УКИП со 45% од гласовите, 20% пред најблискиот ривал. Тој вети дека ќе воведе дисципчина во партијата и дека ќе ги зголем претставниците од УКИП на локални,парламентарни и други избори. Во интервју во поладневната програма на БИ-БИ-СИ радио 4, тој ден тој вети дека ќе стави крај на јавната перцепција за НПОК, и дека ќе работи со сојузничките политичари во кампањата Better Off Out,обврзувајќи се дека нема застане против пратениците кои се вклучиле во кампањата(Во овој момент, 10)На 8 октомври 2006, во својот прв говор на конференцијана НПОК,Фараж на делегатите им кажа дека паритјата е во центарот на Британското јавно мислење. Тој рече: „Имаме три социјал-демократски партии во Британија-Лабуристичка,Либерално-демократска и Конзервативна, коиречеси не се разликуваат за сите главни прашања и помеѓу нив неможеме да најдеме разлика и тоа е причината заради која сега на изборите не гласаа 9 милиони луѓе, а гласаа во 1992. На 19 октомври 2006 година, во 10:00 часот, Фараж имаше три часовно интервју во живо,со јавување на телефон, на националната радио станица TALK SPORT со Џејмс Вејл. Четири дена подоцна, Вејл во неговото шоу,изјави дека има желба да биде кандидат од НПОК, на градоначалничките избори во Лондон во 2008. Фараж рече дека Вејл не само што има храброст, туку и разбирање за она што го мислат вистките луѓе. Сепак, Вејл подоцна одлучи да се повлече и УКИП ја претставуваше Џерард Батен. Фараж во 2010 повторно влезе во трката за лидерство на УКИП, откако неговиот претходник Лорд Пирсон даде оставка, и на 5 Ноември беше објавено дека тој победи во трката за лидер.

Изборите во Вестминстер[уреди]

Фараж за УКИП пет пати безуспешно учествуваше на Британските Парламентарни избори , и пред и по неговото избирање за европратеник во 1999.Според одлуката на Европската Унија од 2002, со која им забранува на европратениците да имаат двоен мандат,ако тој беше избран во Долниот Дом, ќе мораше да поднесе оставка во Европскиот Парламент.

Изборите во Обединетото Кралство 2010[уреди]

На 4 Септември 2009, Фараж поднесе оставка од лидерската позиција во УКИП, за да се посвети на својата кампања да стане пратеник за Бакингам во вестминстер на изборите во 2010. Тој подоцна на новинарката Камила Лонг, од TIMES, и кажал дека внатрешните расправии во УКИП одзема премногу време. Фараж застана против Бакингамскиот пратеник, Џон Берков, новоизбраниот претседавач на Долниот Дом, и покрај спогодбата дека тој, како политички неутрален,нормално не се повикува на преизбирање од страна на било која од големите партии. Фараж беше трет со освоени 8,401 глас. Берков беше реизбран,а на второ место со 10.331 глас беше Џон Стивенс, поранешен конзервативен пратеник,кој водеше независна кампања во придружба на Flipper the Dolphin. ( Втор дом на пратениците блиску до парламентот)

Повреден во авионска несреќа[уреди]

На 6 Мај, утрото кога се отвориле гласачките единици,околу 8 часот Фараж бил повреден во авионска несреќа, повредите биле безопасни по неговиот живот. Портпаролот изјави за Би-Би-Си дека е мала веројатноста господинот Фараж денес да биде пуштен од болница. Иако првенствено се мислеше дека неговите повреди се мали, неговата градна коска и ребра се скшени, а неговите бели дробови се дупнати. Извештајот од вели дека Air Accidents Investigation Branch (AAIB) авионот влечел транспарент, кој се заплеткал во опашката од авионот, притоа навалувјќи ја предницата од авионот надолу. На 1 Декември 2010, пилотот на авионот , вмешан во авионската несреќа беше обвинет за обид за убиство на Фараж во друга несреќа. Истотака беше обвинет за обид за убиство на службено лице на Air Accidents Investigation Branch (AAIB), вклучено во истрагата за несреќата. Во Април 2011 беше прогласен за виновен за загрозување на живот. Судијата објави дека обвинетиот бил видно растроен во времето кога ги сторил делата, додавајќи „тој е човек на кој му е потребна помош. Ако можам јас да најдам начин да му помогнам, ке му помогнам“

Жак Баро[уреди]

На 18 Ноември 2004, Фараж во Европскиот парламент објави дека Жак Баро, назначениот француски комесар, во Франција имал забрана за вршење одредена дејност откако во 2000 бил осуден за проневера на 2 милиони фунти од владините фондови,пренасочувајќи ги во буџетот на својата партија. Тој тврдеше дека Францусиот претседател Жак Ширак донел амнестија за Баро, а првичните извори на БИ-БИ-СИ велеа дека,спорет законот на Франција, дека споменувањето на пресудата е можеби нелегално,забраната се однесува само на фрнцуските службениците за време на нивната служба. Претседателот на парламентот,Јосеп Борел, му нареди да ги повлече своите коментари со закана од правни последици. Сепак, следниот ден беше потврдено дека Баро добил 8 месеци условна затворска казна во случајот и дека одлуката била брзо уништена, со амнестија која Жак Ширак ја донел со неговото парламентарно мнозинство. Претседателот на Европската Комисија призна дека не знаел за криминалното досие на Баро,кога го назначил за потпретседател на Комисијата.Социјалистичките и либералните групи во Европскиот Парламент застанале на страната на УКИП, и побарале оставка на Баро,за криење на пресудата за време на неговите рочишта за потврдување на функцијата.

Жосе Мануел Баросо[уреди]

Во пролета во 2005, Фараж побарал од Европската Комисија да открие поединечно каде комесарите ги поминале своите одмори. Комисијата не ги обезбеди бараните информации, врз основа дека комесарите имаат право на приватност. Германскиот весник The Welt објави дека Претседателот на Европската Комисија поминал една недела на јахтата на грчкиот, сопственик на бродски компании и милијардер Спиро Лацис.Набрзо по тоа излезе на виделина дека ова се случило еден месец пред Комисијата на чело со претходникот на Баросо, Романо Проди да одобри 10,3 милиони евра од финансиската помош за Грција, за бродската компанија на Лацис.Исто така, се дозна дека Питер Менделсон, во тоа време член на Европската Комисија,прифати патување на Јамајка од неоткриен извор. Фараж убеди околу 75 пратеници,колеги да го подржат барањето за гласање доверба на Баросо.,што би било доволно да го принудат Баросо да се појави во Европскиот Парламент на расправа за случајот. Предлогот беше успешно поднесен на 12 Мај 2005, а Баросо се појави во Парламенот на расправа на 26 Мај 2005. Предлогот доживеа голем неуспех. Конзервтивниот пратеник Роџер Хелмер беше избркан од неговата партија, Европската Народна партија-Европски Демократи(ЕПП-ЕДД) на средина на расправата поради подршката за предлогот на Фараж.

Жозеф Дол[уреди]

Во јануари 2007, за нов лидер на европските демократскии партии,европската парламентарна групација која тогаш ги вклучуваше и британските конзервативци, го избраа францускиот лидер на земјоделците Жозеф Дол.Независната Партија на Обединетото Кралство речиси веднаш открија дека Дол бил под судска истрага во Франција од 2004, како дел од истрагата за наводна злоупотреба на јавните фондови во вредност од 16 милиони евра, од страна на земјоделските синдикати. Не се посочува дека Дол лично имал корист, но бил обвинет за соучество и прикривање на злоупотреба на јавните фондови. Дол го обвини Фараж за објавување на истрагата од политички причини и се закани дека ќе го тужи Фараж,но не го стори тоа бидејќи судот ги отфрли сите обвиненија против него.

Принцот Чарлс На 14 Февруари 2008 година, Принцот Чарлс беше поканет да одржи говор во Европскиот парламент, во кое го повикува раководството на Европската Унија во борбата против климатските промени. За време на овациите кои следеаа, Фараж беше единствениот пратеник кој остана да седи, и ги опиша советниците на принцот дека во најдобар случај се простодушни и неразумни. Фараж продолжи: Како може на некој како Принцот Чарлс да му се дозволи да дојде во Европскиот парламент во ова време и да изјави дека мисли дека теба да има поголеми овластувања? Би било подобро за земјата со која еден ден сака да управува,да останел дома и да го убедел Гордон Браун да им го даде на луѓето ветениот референдум од Лисабонскиот договорот.Лидерот на Лабуристичката партија, европратеникот Гери Титли го обвини Фараж за анти-ројализам.Титли изјави: Ми беше срам и бев згрозен кога лидерот на УКИП , Најџел Фараж остана цврсто на своето место за време на аплаузот за принцот Чарлс.Не го сфатив слепото верување на Г-динот Фараж во десничарската политика,вклучувајчи ја нелојалноста и неучтивоста кон Кралскот семејство. Тој навистина треба да се засрами и да му се извини на Британскиот народ, кој го застапува.

Херман Ван Ромпуј[уреди]

По говорот на Херман Ван Ромпуј на 24 Февруари 2010 година во Европскиот парламент, Фараж-да приговара против другите пратеници-обраќајќи се на првиот Претседател на Европскиот Совет на долг рок, велејќи дека „има харизма на крпа за бришење подови,а изгледа како ситен банкарски службеник“.Фараж а оспори легитимноста на функцијата на Ромпуј,прашувајќи: „ “Кој сте вие? Никогаш не сум слушнал за вас, ниту пак некој од Европа чул за вас“ тој исто му рече дека „има намера му биде тивок убиец на европската демократија и европските национални држави“. Во истиот говор ја спомена и Белгија, татковината на Ван Ромпуј, како „не баш и некоја држава“. Откако одби да се извини за однесувањето,кое според Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек било: „несоодветно, непарламентарно и навредливо за достоинството на сообранието, Фараж беше укорен и десет дена му ја укинаа дневницата. Претседателот на Европскиот парламент по средбата со Фараж,изјави: Јас апсолутно го заштитувам правото на Г-динот Фараж да се не се согласува со политиката на институциите на Унијата, но не и лично да ги навредуа луѓето во Европскиот Парламент или земјата од каде и да доаѓаат(...)Јас самиот се борам за слобода на говор како апосолутна основа за едно демократско општество. Но со слободата доаѓа и одговорноста- во овој случај да се има почит кон достоинството на другите и на нашите институции.Јас сум разочаран од однесувањето на Г-дин Фараж,кој прави лошо за големата парламентарна традиција на својата земја. Јас го повикав да се извини, но тој одби да го стори тоа. Затоа јас- како одраз на сериозноста на овој проблем-10 дена го укинав неговото право на дневница како пратеник. На прашањето на Камила Лонг, Фараж за својот говор се изјасни : „не беше навредлив, туку вистинит“

Економското управување во Европа[уреди]

Фараж во говорот во Европскиот парламент на 18 Ноември 2011 рече дека во ЕУ доминантна е Германија.

Гледишта за еврото[уреди]

Од добивањето на функцијата евопратеник од НПОК,во 1999,Фараж често се спротиставува за „Проектот за Еврото“. Неговиот аргумент е дека „една валута е идеална за сите каматни стапки“ неможе да функционира за земји со структурно различни економии,често посочувајќи ги за пример Грција и Германија за да ја истакне разликата. Тој ја предвиде потребата од пакетите за помош,уште пред Европската Комисија и Европската Централна Банка да признаат дека овие мерки ќе бидат потребни.Посебно, предвидел дека ваква помош ќе бараат Грција, Ирска, Португалија и Шпанија. До сега, сите од нив побараа помош. Иако Шпанија и Италија добиле индиректна помош од Европска Централна Банка, при која централната банка купила споредни државни обврзници, на нив им е забрането да купуваат нови обврзници. Фараж исто така го зацврстува аргументот на Германија дека „Италија никогаш не требаше да се приклучи на Еврото“ .Фараж предвидува дека ако ситуацијата продолжи понатаму ќе дојде до насилство, поради неможноста на луѓето „да ја одлучат за својата иднина преку гласачка кутија“ , тоа ќе биде единственото логично решение за нивно бегство од „економскиот затвор’’ т.е еврозоната. Тој изјави: „Јас се надевам дека пазарите ќе го уништат проектот за еврото, пред тоа навистина да се случи“ Фараж силно се противи на пакетите помош и тврди дека :„купувањето на сопствениот долг со даночни обврзници“ нема да го реши проблемот и дека „ ако го правиме тоа, следната во должничка криза нема да биде држава, тоа ќе биде самата Европска Централна Банка“