Национална портретна галерија (Лондон)
| Национална портретна галерија | |
| National Portrait Gallery | |
| Отворен | 1856 |
|---|---|
| Место | St Martin's Place, WC2, Англија, В. Британија |
| Координати | |
| Збирка | 10.000 портрети |
| Посетеност |
1.961.843 (2009)[1]
|
| Директор | Сенди Нерн |
| Јавен превоз | Черинг Крос Ембанкмент Лестер Сквер |
| Мреж. место | www.npg.org.uk |
Националната портретна галерија (англ. National Portrait Gallery) е уметничка галерија во Лондон со значајна збирка на портрети од истакнати Британци низ историјата. Ова е најстарата портретна галерија во светот, отворена во 1856 г.[2] Во 1896 г. галеријата е преместена во сегашните простории на улицата Сент Мартинс Плејс (St Martin's Place), веднаш до Трафалгарскиот плоштад, во продолжение на Националната галерија. Низ годините галеријата е проширувана, и има разни ограноци во земјата кои главно изложуваат аристократски портрети. Националната портретна галерија е државна јавна установа под покровителство на Министерството за култура, медиуми и спорт.
Содржина |
Збирка [уреди]
Во глаеријата се сместени портрети на познати и историски важни Британци, одбрани според значајноста на претставената личност, а не на уметникот. Покрај слики, цртежи и скулптури, галеријата има и фотографии и карикатури.[3] Една од најпознатите изложени слики е т.н. „Чандоски портрет“, најпознатиот портрет на Вилијам Шекспир[4] (иако постојат извесни сомнежи дали претставениот е навистина Шекспир).[5]
Не сите портрети се уметнички извонредни како дела, но има автопортрети од Вилијам Хогарт, Џошуа Рејнолдс и други истакнати британски сликари. Некои од нив, како собирот во Сомерсетскиот Дом во 1604 претставуваат важни историски документи сами за себе. Напати, љубопитната вредност на делата е поголема од уметничката, како кај анаморфниот портрет на Едвард VI од Вилијам Скротс, портретот на Шарлота, Емили и Ана Бронте насликан од брат им Бренвел, или пак скулптурата на кралицата Викторија и принцот Алберт во средновековна облека. Во 1969 за прв пат е дозволено изложувањето на портрети на живи личности. Покрај постојаните поставки на историски портрети, галеријата изложува и современи дела, приредува портретни изложби на поединечни уметници и го води наградниот конкурс за портрети на БиПи (BP).
Фасадни бисти [уреди]
Покрај трите бисти на основачите на музејот, надворешноста на двата најстари објекта од 1896 е украсена со бисти на истакнати портретисти, биографи и историчари. Бистите се дело на Фреферик Томас и на нив се претставени Џејмс Грејнџер, Вилијам Фејторн, Едмунд Лоџ, Томас Фулер, Ерлот од Кларендон, Хорас Волопол, Ханс Холбајн Помладиот, Антонис Ван Дајк, Питер Лели, Годфри Нелер, Луј-Франсоа Рубијак, Вилијам Хогарт, Џошуа Рејнолдс, Томас Лоренс и Френсис Легат Чантри[6].
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Посети на атракции што членуваат во ALVA за 2009 г.“. Здружение на водечки туристички атракции. http://www.alva.org.uk/visitor_statistics/. проверено на 21 мај 2010. (англиски)
- ↑ „Национална портретна галерија: За галеријата“. ARTINFO. 2008. http://www.artinfo.com/galleryguide/18664/5243/about/national-portrait-gallery-london/. проверено на 30 јули 2008 (англиски)
- ↑ Секоја велика земја мора да има своја портретна галерија (англиски)
- ↑ Национална портретна галерија | Актуелности | Во потрага по Шекспир (англиски)
- ↑ Хигинс, Шарлот. „Единствената веродостојна слика со Шекспир - веројатно“, „Гардијан“, 2 март 2006 (проверено на 19 мај 2010). (англиски)
- ↑ Историја на Националната портретна галерија. пристапено на 26 мај 2008 (англиски)
Литература [уреди]
- Hulme, Graham, The National Portrait Gallery: An Architectural History, National Portrait Gallery Publications, 2000, ISBN 1855142937
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Национална портретна галерија (Лондон)“ |
- OОфицијална страница на Националната портретна галерија (англиски)
- Историја на Националната портретна галерија (англиски)
- Целосен илустриран каталог (англиски)
- „Национална портретна галерија: Посетителски водич“ од Џон Купер (изд. 2006) (англиски)
- Пребарување на збирката (англиски)

