Аслан Селмани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аслан Селмани
Роден 10 јуни 1945
Лојане, Демократска Федерална Македонија, ФНРЈ
Починал 3 ноември 2011(2011-11-03) (возр. 66)
Скопје, Македонија
Занимање демограф, професор, министер и пратеник

Аслан Селмани (албански: Asllan Selmani; Лојане, 10 јуни 1945 - Скопје, 3 ноември 2011) — македонски научник, демограф, универзитетски професор, пратеник во три мандати и поранешен министер за наука во третата македонска влада.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Селмани бил роден на 10 јуни 1945 година во кумановското село Лојане, во земјоделско-рударско семејство. Основното образование го завршил во селото Миратовац, кај Прешево, а средното училиште во Учителската школа „Зеф Луш Марку“ во Скопје, во учебната 1963/64 година. Потоа се запишал на студии на Групата за географија при Природно-математички факултет во Скопје, кои успешно ги завршил во учебната 1968/69 година. Во 1976 година, ја одбранил магистерската работа под наслов: „Географски аспекти на општествено-стопанските структури во општината Куманово. Во 1982, на Географскиот фа­култет во Скопје, ја одбранил докторската дисертација под насловот „Социо­гео­графските процеси и проблеми во општината Дебар, со посебен осврт на функцијата на централното место”.

Наставна кариера[уреди | уреди извор]

По дипломирањето, најнапред работел како професор по географија во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, а потоа преминал во Гимназијата „Зеф Луш Марку” во Скопје, во која како професор по географија работел до 1978 година. Во 1979, Селмани е избран за професор на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, по предметите општа географија, математичка географија и картографија. Во меѓувреме се запишал на постдипломски студии, на Отсекот за географија при Природно-математички факултет во Загреб. Во 1986 година, Селмани бил избран за доцент на Институтот за геог­рафија по предметот Заштита и унапредување на животната средина. Во 1995 година, Селмани бил избран за вонреден професор по предметите геоекологија и основи на географијата, додека во 2000 година бил избран за редовен професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет и на истата должност се наоѓал до смртта.[1]

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Во 1990, на општите повеќепартиски избори во Македонија, е избран за пратеник во Собранието, а во два наврата (1992 и во 1996) бил избран за министер за наука во Владата на Македонија. На оваа должност останал сè до крајот на 1998, кога повторно е избран за пратеник, на која политичка функција бил до 2002 година.

Останати активности[уреди | уреди извор]

Неговата општествена ангажираност се гледа и низ следните негови активности: потпретседател на СРВСРМ во периодот 1984-1990 г; член на Американскиот биографски институт во САД; член на претседателството на Македонското географско друштво, претседастел на еколошкото друштво “Еколевизја”, со седиште во Скопје; член на Одборот на фондацијата за геополитички истражувања “Глигоров” во Скопје, претседател на Комисијата за спроведување државни испити по предметот географија и сл.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

За досегашната работа има добиено повеќе одликувања и награди, како: Наградата “Гоце Делчев”, како општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката, за трудот “Населението на Македонија”, 2005 г.; плакета, по повод патрониот ден на Универзитетот “Св. Кирил и Матодиј”, Скопје, за придонес во развојот и афирмацијата на Универзитетот, 2005 г.; плакета по повод одбележувањето на 50-годишнината на СРВСРМ, како признание за долгогодишната активност и за придонес во работата на организацијата, 2002 г.; плакетапо повод 50-годи-шнината на научна работа на Земјоделскиот факултет на Универзитетот “Св Кирил и Методиј”, Скопје, во знак на признание и благодарност, за придонесот во развојот и работата на Факултетот, 1997 г.; плакета од Македонското географско друштво, по повод 56 години постоење, за долгогодишна и плодотворна работа во областа на географијата, 2005 г. Посебно признание добил по повод прифаќањето, паралелно со своите редовни задолженија, да ја следи и да ја разрешува еколошката проблематика во меѓународните контакти на министерско ниво на конференцијата во Луцерн и на конференмцијата на УНДП во Будимпешта, како и за востоставување тесна соработка со Движењето на екологистите на Македонија, заради разрешување на нагласените еколошки проблеми и нивното обелоденување во јавноста, 1993 г.; благодарница добил за меѓусебната соработка и непосредната помош, по повод педесетгодишнината од работата на Македонското географско друштво, 1999 г.; и благодарница за безрезервната помош во развојот на медицинската наука во Република Македонија, Медицински факултет, 1997, Скопје. Во 66-тата година од животот, губејќи ја борбата со ракот, починал во Скопје на 3 ноември 2011 година.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 41-42. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. „Почина Аслан Селмани поранешен пратеник на ПДП“. Журнал. 3 октомври 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-12-05.