Беќир Жута

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бекир Жута)

Беќир Жута (албански: Beqir Zhuta; Велешта, струшко, 22 септември 1935Скопје, 29 август 2010) беше македонски економист и политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Жута е роден во струшкото село Велешта на 22 септември 1935 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1962 година и докторирал од областа на финансиите на темата „Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија“. Бил на разни раководни функции во Општината Струга, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ од 1967 до 1969 година, помошник на секретарот за урбанизам (1970-1975), судија на Уставниот суд на СРМ од 1975 до 1983 година[1], вицегувернер на Народната банка на Македонија од 1986 до 1992 и потпретседател на првата Влада на суверена Македонија во два наврати од 20 март 1991 до 4 септември 1992 и од 4 септември 1992 до 30 октомври 1998 како кандидат на ПДП и ПДП-НДП. Пензионерските денови ги поминувал во родното Велештаи Скопје.Беќир Жута почина на 30 август 2010 година во Скопје после долго боледување. Погребан е на Градските гробишта Бутел во Скопје [2].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија, Скопје, 1984.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Судии“. Уставен Суд. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 2009-11-16.
  2. http://www.utrinski.mk/default-mk.asp?ItemID=3D2E51F42120854484B67818EA2770C9[мртва врска]