Гиго Милески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гиго Милески
Роден 1923
Струга, Кралство СХС
Починал 1995(1995-00-00) (возр. 71–72)
Скопје, Македонија
Занимање Економски географ, картограф

Гиго Милески (1923 година, Струга - 1995, Скопје) ― македонски економски географ и картограф.

Животопис[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Основно и гимназиско образование стекнал во Струга, Приедор и Битола, сѐ во 1942 година. Студирал во периодот 1947-50 година, на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје, во првата повоена генерација (1946 година) со индекс број 3.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Тој во септември 1947 година, бил вработен како картограф на Катедрата по географија, а студиите како вонреден студент ги завршил во 1950 година и бил избран за асистент по картографија. Како асистент по картографија е основоположник на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје (создадена на 1 ноември 1956 година) и нејзин прв раководител до 1961 година.[1]

Во 1961 година, бил вработен како асистент на Економскиот факултет. Докторирал во 1965 година, на темата „Езерата во СР Македонија како важни риболовни и туристички подрачја”. Главно работел во областа на картографија и економска географија. По докторирањето во 1967 година, бил избран за доцент, во 1972 година станал во вонреден, а во 1977 година бил унапреден како редовен професор на Географскиот институт на ПМФ. Стапил во пензија во 1987 година. Починал во 1995 година во Скопје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 32. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)