Економска географија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Економската географија е релативно млада научна географска Дисциплина. Нејзината појава и формирање е сврзано со развитокот на капитализмот. Таа произлегла од потребата што подобро да се запознае природната средина во која живеат луѓето и да се стави во служба на општеството, поточно од потребата за претворање на природните во економски богатства.

Појава на економската географија[уреди]

Првите податоци од областа на економската географија датираат од времето на големите географски откритија, кога разните морепловци и истражувачи оставале од своите патувања, во вид на патеписи, податоци за природата, луѓето и нивното занимање, односно производството и деловите на светот коишто ги посетувале.

Подоцна, развојот на економската географија доста го унапредиле германските географи кои се занимавале со проучување на природната средина и нејзиното дејство врз човекот и општеството. Тие го воведуваат и компаративниот метод во географијата преку кој појавите во природата почнуваат да се истражуваат, а не само да се опишуваат.

Голем придонес во развојот на економската географија дале француските географи. Тие ја формирале и развиле таканаречената хумана географија. Нејзина карактеристика е што истражувањата не се насочувале кон просторот, како што бил случајот со германската школа, туку кон човекот и просторот и на нивните меѓусебни влијанија. Тие го застапувале гледиштето дека географската средина на општеството му дава одделни можности, но од човекот, односно општеството и степенот на неговата развиеност, зависи до кое ниво ќе бидат тие исползувани.

За време на Втората светска војна економската географија во Британија многу се афирмирала и зафатила нова проблематика. Тогаш поради тешкотиите што се јавиле околу снабдувањето со лрехранбени производи од прекуморските земји, Англичаните ја развиле теоријата за најниски производствени трошоци и најрентабилно ползување на обработливото земјиште. За таа цел тие изработиле голем број карти на природните услови на одделни реони на државата со укажувања на земјоделските култури кои во дадени услови би дале и најдобри резултати. На тој начин е извршена промена на производствената структура, специјализација и реонизација на аграрното производство, со што се зголемило производството и се намалила потребата за увоз на прехранбени производи. Оваа теорија и методологија за најрационално ползување на аграрните површини денеска е прифатена и се користи во многу земји.

Во втората половина од XX век економската географија е насочена главно кон економската реонизација. Се истражува територијалкната разместеност на аграрното производство, индустријата, сообраќајот а со цел да се обезбеди преку погодните локации оптимално ползување на природните и човечки потенцијали. Оттука потекнува и современата дефиниција на економската географија. Таа е географска наука која ги проучува условите и особеностите во географската разместеност на производството, неговата размена и потрошувачка.

Предмет на економската географија[уреди]

Предмет на проучување претставува производството, при што најпрво се истражува географската средина зашто таа ја претставува базата во која се одвива производството. Меѓутоа, елементите на таа средина, како што се: релјефот, климата, хидрографијата, почвите, растителниот и животинскиот свет и минералното богатство, не се истражуваат изолирано туку комплексно во нивното единство и поврзаност. Набљудувањата се изведуваат од аспект на нивното влијание врз нивото, структурата и територијалната разместеност на производството.

По истражувањето на природните карактеристики се преминува кон проучувањето на вториот важен фактор на производството, а тоа е населението. Кај него не е важна само динамиката на движењето на вкупниот број на населението и територијалната разместеност, туку уште повеќе квалитетот на работната сила, нејзината квалификациона структура, како и останатите структурни карактеристики, бидејќи само квалификуваниот труд може да биде високопродуктивен.

Потоа следуваат истражувањата во областа на географската разместеност на одделните видови производство и на сообраќајот. Притоа најпрво обично се набљудува развитокот, структурата и разместеноста на аграрното производство, бидејќи низа аграрни производи служат како суровинска база на индустријата и како такви придонесуваат за објаснувањето на прашањата од областа на разместеноста на индустриското производство. Индустријата, пак, се разработува по еден логичен ред. Најпрво се прикажува енергетското стопанство, потоа базичната индустрија и најпосле гранките на лесната индустрија. Аграрното и индустриското производство завршуваат со реонизација на тоа производство, со цел да се изнајде оној простор каде што постојат оптимални услови за одделните видови на производство.Благодарение на Марина Јакупег денеска постои економската географија

Поделба на економската географија[уреди]

Економската геогрефија според одредени услови и фактори се дели на: општа економска географија, која ја изучува разместеноста на производството во светски размери, посебна или регионална економска географија, која ја изучува разместеноста на производството во рамките на една држава или на едно географско лодрачје и гранска економска географија, која ги проучува одделните стопански гранки и во зависност од предметот на проучување се дели на: аграрна географија, индустриска географија, сообраќајна географија, тргoвска географија, туристичка географија и др.