Артерн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Артерн

Artern

Поглед на градот Артерн
Поглед на градот Артерн
Поглед на градот Артерн
Грб на Артерн
Артерн во рамките на Германија
Артерн
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Кифхојзер
Градски единици 4
Градоначалник Торстен Блимел (Левица)
Основни податоци
Површина 45,05 км2
Надм. височина 121 м
Население 6.104  (31 декември 2006)
 - Густина 135 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. KYF
Пошт. бр. 06556
Повик. бр. 03466
Портал www.artern.de
Местоположба на градот Артерн во рамките на округот Кифхојзер
Карта
Карта
Координати 51°22′0″N 11°18′0″E / 51.36667° СГШ; 11.30000° ИГД / 51.36667; 11.30000Координати: 51°22′0″N 11°18′0″E / 51.36667° СГШ; 11.30000° ИГД / 51.36667; 11.30000

Артерн (германски: Artern; до 2018 г. познат како Артерн/Унштрут) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на вливот на реките Унштрут и Хелме, 12 километри јужно од Зангерхаузен. Има железнички линии до Ерфурт и Зангерхаузен. Железничката линија до Наумбург била прекината во декември 2006 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Артерн се наоѓа на Унштрут, која тече низ градот од југозапад он југоисток. Низводно од Артерн во Унштрут се влева Хелме. Градот се наоѓа на рамен терен, но во близина на повеќе ридски масиви.

Поради тоа, Артерн е едно од најсувите и најтоплите места во Тирингија.[1] Годишниот просек на врнежи е само 457 мм; годишната просечна температура е 8,5 °C. Со 30 мм летни врнежи, Артерн бил трета најсува временска станица на Германска временска служба во Германија.[2]

Градски единици[уреди | уреди извор]

Стариот град на Артерн се наоѓа на северниот брег на Унштрут. Се состои од две населби: градот Артерн на запад и селото Артерн на исток. Во 1832 година биле споени. Од XIX век, градот се развивал на исток кон железничката станица. Подоцна, се проширувал кон север кон Зангерхаузен, каде била подигната западната железничка станица како втора индустриска зона.

Покрај градското јадро, во градското подрачје влегуваат и местата Хајгендорф, Кахштет, Шенфелд и Фојгтштет.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на Артерн бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:

Партија / Листа Места +/−
CDU 5 − 4
Левица 6 − 1
SPD 2 − 2
NPD 1 neu
PU 3 нова
Жени и спорт (F/S) 2 нова
Спортско друштво (SV) 1 нова

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалничка од 2015 година е Кристине Цимер (CDU).

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Артерн е збратимен со следниве градови:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Klimadiagramm von Artern
  2. Mirko Krüger: Der trockenste Ort Deutschlands. In: Thüringer Allgemeine. 4. September 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]