Арборетум Трстено

Координати: 42°42′55.17″N 17°58′38.37″E / 42.7153250° СГШ; 17.9773250° ИГД / 42.7153250; 17.9773250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Арборетум Трстено
Арборетум Трстено
Карта
Видботанички парк
МестоТрстено, Хрватска
Координати42°42′55.17″N 17°58′38.37″E / 42.7153250° СГШ; 17.9773250° ИГД / 42.7153250; 17.9773250
Површина25 ha
Создаден1948
СтопанисувачХрватска академија на науките и уметностите
Статусотворен
Детал од ренесансната градина

Арборетум Трстено – најстар споменик на пејзажна архитектура во Хрватска и единствен арборетум на хрватскиот на Јадранското Море. Се наоѓа во туристичкото место Трстено, 19 км северозападно од Дубровник.[1]

Арборетрумот е основан во 1948 година на просторот на ренесансен летниковец со градина, на имо кој од крајот на 14 века бил во сопственост на благородничкото семејство Гучетиќ-Годзе. Во 1949 година бил заштитен со закон како споменик на природата. Се простира на површини од приближно 25 ха и на тој простор обединува неколку целини:

  • ренесансен парк со летниковец,
  • неоромантичарски парк од крајот на 19 и почетокот на 20 век,
  • стар маслиник и
  • природна растителност од шуми и макии, со крајбрежните стени.

Во рамките на комплексот на арборетумот, освен летниковецот, се наоѓаат и капелата Свети Јероним од 17 век, стара преса за маслинки, акведукт од 15 век и барокна фонтана со Нептун и нимфите, изградена во 1736 година. Заедно со богатиот растителен фонд кој го сочинуваат 465 одгледувани и 510 самоникнати видови, Арборетумот Трстено на единствен начин го соединува природното и културното наследство.[2]

Надлежност над арборетумот дене има Хрватската академија на науките и уметностите.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Летниковецот на семејството Гучетиќ Годзе и две палми Washingtonia filifera
Колекција палми
Нептуновата фонтана
Акведукт
Мелница за маслини со добро сочувани преси за цедење маслиново масло

Парковскиот комплекс, од кого подоцна настанал арборетумот, бил создаден на крајот на 15 век, кога во 1494 година дубровничкиот властелин Иван Маринов Гучетиќ-Годзе на својот полски имот подигнал летниковец со парк. Летниковецот и паркот набрзо станале средиште на културниот живот на Дубровник и за нив се поврзани многу познати имиња од културната историја на Дубровник. Меѓу останатите тука боравела и познатата дубровничка поетеса и убавица Цвијета Зузориќ, а во текот на 16 век на овој имот познатиот филозоф и хуманист Никола Витов Гучетиќ напишал бројни филозофски дела и расправи.

На крајот на 19 и почетокот на 20 век на имотот се изградил уште еден парк, просторно одвоен од ренесансната градина, уреден во тогаш модерен пејзажен стил.

Целиот комплекс во 1948 година бил претворен во арборетум, а следната година бил заштитен како споменик на природата. Забранети биле работи кои можеле да им нанесат штети на архитектонските и градинарските споменици, како и на растенијата и животните на целата површина на арборетумот. Било забрането корнење и берење на одгледуваните и самоникнатите растенија како и на нивното семе. Исто така бил забранет и ловот, убивање на животни и нивно изнесување од арборетумот. Денес Арборетум Трстено е во надлежност на Хрватската академија на науките и уметностите. Хрватската академија на науките и уметностите.[3]

Летниковец[уреди | уреди извор]

Изградбата на самиот летниковец била завршена во 1502 година.[1] Зградата била ѕидана во ренесансен стил, но првичната градба била срушена во земјотресот кој го погодил Дубровник во околината во 1667 година. На негово место бил соѕидан нов кој постои и денес. Освен летниковецот во парковскиот комплекс се наоѓаат и капелата Свети Јероним од 17 век и економски објекти, во чиј состав е и мелницата за маслини со добро сочувани преси за цедење маслиново масло.

Ренесансен парк[уреди | уреди извор]

Паркот Гучетиќ му припаѓа на карактеристичен вид дубровничка ренесансна градина. Според времето на создавање постар е од многу прочуени италијански и француски ренесансни градини. Тоа е парк со геометриска основа која сочинува ортогонална мрежа на пешачки патеки, обрабени со ниски камени ѕитчиња. Средиште на паркот е главното шеталиште, со двократна колонада од камени столбови кои носат пергола од винова лоза. Од останатите елементи карактеристични за ренесансните градини во рамките на паркот Гучетиќ се наоѓа и павилјон со поглед на отворено мое и Елафитските Острови, простор за одмор, наречен „зелена лоѓија” и фонтана до која се доведувала вода со акведукт со 14 лакови, долг 70 метри. Акведуктот и фонтаната биле изградени во 15 век, а денешниот барокен изглед, со скулптурите на Нептун и нимфите, фонтаната го добила во 1736 година, кога била преуредена.

Нова дел на паркот[уреди | уреди извор]

Овој нов парк ѝ припаѓа на специфична групација јужнојадрански градини кои ги карактеризира композициско решение кое соединува два спротивни градинарски концепти:

  • дел уреден во традиционален геометриски стил и
  • дел уреден во слободен, пејзажен стил, исполнет со романтичарска сценографија.

Паркот почнува на шумовита ледина од каде, преку камени скалила и видиковец, постепено се спушта низ стрмна падина сè до морскиот брег. Во средишниот дел на паркот доминира украсна „урнатина“ со сончев часовник, од каде се пружа панорамски поглед на Елафитските Острови.

Услови на живеалиштето[уреди | уреди извор]

Арборетум Трстено лежи на геолошка подлога од мезозојски пропусни варовнички стени. Климата е средоземна, со средна годишна температура од 15,5 °C, релативна влажност на воздухот од 67% и средна годишна количина на врнежи од 1284 мм.[3]

Растителност[уреди | уреди извор]

Растителноста застапена во арборетумот претставува спој на одгледувани видови и автохтона растителност од ова подрачје.

Одгледувани видови[уреди | уреди извор]

Збирката на одгледувани видови во најголем дел се наоѓа во склоп на старата ренесансна градина и денес опфаќа 465 растителни видови, кои припаѓаат на 111 семејства. Според географското потекло најголем број се средоземни и европски видови, кои се застапени со 31%. Во време кога бил формиран Гучетиќевиот парк во Дубровник, благодарение на бројната поморска флота, почнале да пристигаат и различни странски видови, па така во паркот бројни се и азиските видови, застапени се со 22%, а значаен е и бројот на американски кои ги има 17%. Освен украсни оваа збирка ја сочинуваат и економски корисни видови, како што се лимон, портокал, чедрун (Citrus medica), калинка, винова лоза, рози, јасмин, рузмарин, лаванда, сантолина и други.

Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век паркот бил збогатен со растенија од сите страни на светот, меѓу кои се палми - - феникс палма, вашингтонија, висока жумара (Serenoa repens) и мала жумара, потоа камфоровац, авокадо, плутар, вирџиниски драгун (Diospyros virginiana), гумиевец, еукалиптус, црн и жолт бамбус, цикас и многу други егзотични видови. Меѓу најголемите и најстари видови дрвја, чија старост достига и 150 години, се наоѓаат стебла на гинкго, американска липа (Tilia americana), либансиг кедар (Cedrus libani), тулипановец, хималајски чемпрес (Cupressus torulosa), чинар (Platanus orientalis) и многу други.

Домородни видови[уреди | уреди извор]

Автохтоната самоникната растителност застапена е на просторот на арборетумот со 510 вида, од 84 семејства. Основа ја сочинуваат шуми од благун, алепски бор и чемпрес, растителност од макии и растителност на крајбрежните стенаи. Како доминантни елементи на средоземната растителност се јавуваат маслина и рогач, а локално, на подлабоко и повлажно земјиште, се јавуваат и субмедитерански видови бел граб, јасен и лавор, а на стрмните стени над море ретки наоѓалишта од дрвенеста млечика.

Занимливости[уреди | уреди извор]

На просторот на арборетумот снимани се бројни сцени од популарниот серијал Игра на тронови,[4] на американската продукциска куќа ХБО (HBO). Единственоста на градината со летниковец, акведукт, мелница, барокна фонтана со скулптури на Нептун и нимфи и видиковец со поглед на море и острови створиле неповторлива природна сценографија за King’s Landing.[5]

Галерија фотографии[уреди | уреди извор]

Детали од паркот[уреди | уреди извор]

Детали од стари преси за цедење маслиново масло[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Trsteno“. Hrvatska enciklopedija. Leksikografski zavod Miroslav Krleža. Посетено на 2 мај 2017.
  2. „Arboretum Trsteno“. Hrvatska akademija znanosti i umjetnosti. Архивирано од изворникот на 2020-09-23.
  3. 3,0 3,1 3,2 Kovačević, Maja. Arboretum Trsteno - zvanična publikacija za obilazak arboretuma. Hrvatska akademija znanosti i umjetnosti.
  4. „Trsteno Arboretum“. King's Landing Dubrovnik. Посетено на 3 мај 2017.
  5. „ARBORETUM TRSTENO - KOMADIĆ RAJA NA JUGU“. sun gardens dubrovnik. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 4 мај 2017.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Kovačević, Maja. Arboretum Trsteno - zvanična publikacija za obilazak arboretuma. Hrvatska akademija znanosti i umjetnosti.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]