Лаванда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лаванда
Цвет на лаванда
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Asterids
Ред: Lamiales
Фамилија: Lamiaceae
Потфамилија: Nepetoideae
Племе: Lavanduleae
Род: Lavandula
L.
Типски вид
Lavandula spica
L.
Species

39 species, including some hybrids, see text.

Лавандата е одлично средство за заштита од болести и инфекции. Може да се користи како хемиско средство за дезинфекција, антибиотик и како антивирусен лек.

Потекло[уреди]


Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една чудна појава. Работниците кои користеле етерично масло од лаванда и оние кои работеле на полиња со лаванда не биле погодени од лошата болест. Она што ги заштитило била токму лавандата која го зајакнува имунитетот и делува како моќен бактерицид. Кога човек е во близина на лаванда таа природно го стимулира неговиот имунолошки систем, кој потоа поефикасно го штити од напади на вируси и бактерии.
Лавандата може да се користи и како моќно средство за дезинфекција: до Првата светска војна со лаванда се стерилизирале површини и болничка опрема, а ја ставале и на раните, исто така може да се користи и како силен антисептик за исекотини, изгореници, убоди и други повреди на кожата.

Повеќенаменска билка[уреди]

Покрај тоа што директно ги напаѓа бактериите и вирусите, и го стимулира производството на бели крвни клетки кои го штитат телото од паразити, лавандата не создава резистентни соеви на бактерии, како што прават антибиотиците.

Лавандата може и да се консумира[уреди]

Лавандата веќе долго време се наоѓа на полиците со зачини во Франција, а чајот од лаванда го стимулира и зајакнува имунолошкиот систем, особено за време на стрес или болест.

Испарува на лаванда – чист воздух[уреди]

Етеричното масло од лаванда може да се користи во купка, да се нанесува на кожата (разредено!), да се стави на облека или само да се вдишува. Исто така, може да се користи и како миризливо масло и да се распрска по просторијата – освен што ќе ви користи и ќе ја направи просторијата помиризлива, ќе ги контролира и бактериите кои летаат низ воздухот. Не се препорачува да се проголта етерично масло, бидејќи тоа обично се меша со лак за да се добие жолта боја. Вистинското масло е речиси проѕирно, па како такво побарајте го во продавниците.

Лаванда-природна билка против стрес и несоница[уреди]

Истражувањата на германските и француските лекари покажаке дека лавандата помага полесно да се заспие. Тие ја препорачуваат оваа билка при нервоза, вознемиреност, депресија. Смирувачкото дејство на нервниот систем се должи на етеричните масла, кои се олободуваат во топлата вода, така што кожата може да ги впие. Покрај тоа, и самата топла вода делува смирувачки и ја подобрува циркулацијата во телото.