Адел

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Адел Adele

Адел изведува во живо во јануари, 2009
Биографски податоци
Родено име Адел Лори Блу Адкинс
Роден(а) 5 мај 1988 (1988-05-05) (25 г.)
Тотенхем, Северен Лондон, Англија
Жанрови Поп, Соул, Блуз, Рок, Фолк, блуз контополитен[1] , кантри соул[2]
Занимања Пејач-текстописец
Инструменти Вокали, гитара, пијано, бас, целеста, перкусие, Клавијатура
Период на активност 2006–сега
Издавачи XL, Columbia
Мреж. место adele.tv

Адел Лори Блу Адкинс[3] (анг. Adele Laurie Blue Adkins; родена 21 мај 1988), професионално позната како Адел е англиска пејачка-текстописец. Во 2009, Адел освоила две Греми Награди, за Најдобар Нов Артист и Најдобра Женска Поп Вокална Изведба, на 51-и Греми Награди.[4][5]

Адел го привлекла вниманието на XL Recordings со три демо песни кои ги испратила на MySpace и подоцна потпишала договор со издавачката куќа. Уште од својот прв албум, 19 таа добила многу пофалби и позитивни критики. Албумот се искачил на прво место и има добиено три пати платинумска сертификација во Обединетото Кралство.[6] Адел го издала својот втор албум 21 на 24 јануари 2011 во Обединетото Кралство и на 22 февруари во САД.[7]21 имал голем комерцијален успех, продавајќи 208,000 копии во првата недела во Обединетото Кралство и искачувајќи се на Табелата за Албуми во Обединетото Кралство.[8] Албумот исто така се искачил на прво место на Билборд 200 во САД, продавајќи 352,000 копии во првата недела.[7][9] 21 исто така се искачил на прво место и во 17 други европски држави.[10]

Изведбата на Бртинаските музички награди во 2011 пеејќи ја песната „Someone Like You“ ја донеле песната на првото место во Обедеинетото Кралство каде албумот сеуште бил на првата позиција. „Someone Like You“ останал на првото место четири последователни недели.[11][12] Официјалната компанија за табели изјавила дека Адел е првиот жив артист кој имал два топ пет хита на официјалната табела за албуми и на официјалната табела за синглови по Битлсите во 1964.[11][12][13] 21 поминал единаесет последователни недели на првото место во Обединетото Кралство, што претставува најдолгото задржување на британската табелата за албуми од страна на женски артист досега. Претходниот рекорд го имала Мадона во 1990 со нејзиниот компилациски албум The Immaculate Collection кој се задржал 9 недели.[10][14] Во САД албумот поминал шест непоследователни недели на Билборд 200 до денеска.[15] Исто така ги срушил рекордите на дигитални спуштања во Обединетото Кралство.[16]

Од мај, 2011 пејачката вредела £6 милиони со што се изедначила со Лили Ален и Дафи за деветтото место на листата на најбогатите британски и ирски музички ѕвезди под 30.[17]

Ран живот[уреди]

Адел Лори Блу Адкинс е родена во Тотенхем на 5 мај, 1988, Северен Лондон, на самостојна тинејџерска мајка.[18][19] Таа почнала да пее на четири години и кажала дека тогаш гласовите ѝ станале опсесија.[20][21] Адел кажала дека Spice Girls биле главните влијанија за нејзината љубов и страст кон музиката кажувајќи дека „тие ме направија тоа што сум денес“.[22]

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Адел.

Турнеи[уреди]

Награди[уреди]

Награди и достигнувања
Претходник
Ејми Вајнхаус
Греми Награди за Најдобар Нов Артист
2009
Наследник
Zac Brown Band
Претходник
Мика
Sound of... (BBC poll)
2008
Наследник
Little Boots

Наводи[уреди]

  1. „Adele: New Record is 'Quite Different'“. SPIN.com. 2 ноември 2010. http://www.spin.com/articles/adele-new-record-quite-different. конс. 8 мај 2011. 
  2. „Adele Unearths Country-Soul Gem » Cover Me“. Covermesongs.com. http://www.covermesongs.com/2011/01/adele-unearths-country-soul-gem.html. конс. 8 мај 2011. 
  3. Frehsée, Nicole (22 January 2009), "Meet Adele, the U.K.'s Newest Soul Star". Rolling Stone. (1070):26
  4. Brits on top: Duffy, Adele and Coldplay clinch top awards as they lead British winners at Grammys Daily Mail Retrieved 21 February 2011
  5. Coldplay, Robert Plant, Radiohead, Duffy and Adele win at Grammy Awards Daily Mirror Retrieved 21 February 2011
  6. „Certified Awards Search“. British Phonographic Industry. http://www.bpi.co.uk/certifiedawards/search.aspx. конс. 1 март 2011. 
  7. 7,0 7,1 Caulfield, Keith. „Adele's '21' Debuts At No. 1 on the Billboard 200 With 352,000 Sales“, „Billboard“, 2 март 2011 (конс. 2 март 2011).
  8. Adele dominates UK album chart Reuters Retrieved 28 February 2011
  9. Adele scores US number one album BBC News Retrieved 4 March 2011
  10. 10,0 10,1 Adele breaks Madonna's album record and closes in on Bob Marley The Guardian 4 April 2011
  11. 11,0 11,1 Adele Ties Beatles Record on UK Charts, BRIT Awards Boost Winners Billboard Retrieved 21 February 2011
  12. 12,0 12,1 Adele beats Lady Gaga to No 1... and matches Beatles for two top five singles and two top five albums in the same week Daily Mail Retrieved 21 February 2011
  13. Adele's 'Someone Like You' Tops UK Singles Chart MTV Retrieved 21 February 2011
  14. Adele makes music history again with album chart record BBC 4 April 2011
  15. http://www.billboard.com/news/adele-s-21-marks-sixth-week-at-no-1-on-billboard-1005169182.story#/news/adele-s-21-marks-sixth-week-at-no-1-on-billboard-1005169182.story
  16. Adele matches Madonna, Beatles records Digital Spy Retrieved 28 February 2011
  17. Chart-topping Adele makes music's rich list with £6million fortune Evening Standard 5 May 2011
  18. Patterson, Sylvia. „Mad about the girl“, „The Guardian“, 27 јануари 2008 (конс. 23 април 2010).
  19. Adele: i have all the say, i have power over everything i do Daily Mail Retrieved 22 February 2011
  20. „Grammy-nominated Adele taking fame in stride The Baltimore Sun 15 January 2009“. http://www.baltimoresun.com/entertainment/bal-li.music15jan15002019,0,4031087.story. 
  21. „Singing Stronger Every Day: Adele Express from The Washington Post 15 January 2009“. http://www.expressnightout.com/content/2009/01/singing_stronger_every_day_adele_stays_g.php. 
  22. Walker, Marie. „Adele: I Love the Spice Girls!“. Now Magazine. http://www.nowmagazine.co.uk/celebrity-news/517690/adele-i-love-the-spice-girls/1/. конс. 6 март 2011. 

Надворешни врски[уреди]