Во финалето на ова издание, Јаник Синер го победил Алекс де Минор со 7–5, 6–4, со што ја освоил својата прва титула во Ротердам и вкупно 12-та АТП титула во кариерата. За него, исто така, ова била втора титула во 2024 година, по освојувањето на Отвореното тениско првенство на Австралија, со што ја продолжил својата непобедливост во годината со учинок од 12-0.