Јапонски ариш

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Јапонски ариш
Кора и листови
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Фамилија: Борови
Род: Ариши
Вид: L. kaempferi
Биномен назив
Larix kaempferi
(Ламб.) Кар.


Јапонскиот ариш (латински Larix kaempferi, јапонски 唐松 (карамацу)) е вид на ариш со потекло од Јапонија, поточно од планинските предели на регионите Чубу и Канто во средишниот дел на Хоншу.[1]

Ова е листопадно иглолисно дрво, средно до високо по големина, достигнувајќи височина до 20-40 m, со пречник на трупот до 1 m. Крошната му е широка и конусна; главните и гранки му се хоризонтални, а страничните исто така, со ретки исклучоци. Фиданките му се диморфични, со тоа што растот се дели на долги фиданки (10-50 cm) со неколку пупки, и кратки фиданки (1-2 mm) со само една пупка. Листовите му се иглични, светло-синозелени, со должина од 2-5 cm; пред да паднат на есен стануваат светлжолти до портокалови, така оставајќи ги розово-кафените фиданки голи сѐ до следната пролет.[1]

Шишарките им се исправени, јајчесто-конусни, со должина од 2-3.5 cm, и со 30-50 семени лушпи свиени на рабовите; во младоста тие се зелени, а кога ќе созреат се отвораат и ги пуштаат семињата, што се случува 4-6 месеци по опрашувањето. Старите шишарки остануваат на дрвото долги години, и по боја се сиво-црни.[1]

Дрвото вирее на надморска височина од 500-2,900 m на добро исцедена почва, и избегнува расквасена земја.

Научниот назив дрвото го носи во чест на германскиот природонаучник Енгелберт Кемпфер. Дрвото е познато и по синонимот Larix leptolepis.

[уреди] Употреба

Јапонскиот ариш има важна улога во шумарството, и се одгледува ширум северна и средна Јапонија (на север до Хокаидо), но исто така нашироко и во северна Европа, особено во Велика Британија. Дрвото му е цврсто и трајно, и се користи за општо градежништво. Често се среќаваат и огради од мали аришови прачки.

[уреди] Наводи и надворешни врски

  1. 1,0 1,1 1,2 Farjon, A. (1990). Pinaceae. Drawings and Descriptions of the Genera. Koeltz Scientific Books ISBN 3-87429-298-3.

[уреди] Галерија

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици