Прејди на содржината

Црвена лисица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвена лисица
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Кучиња
Род: Лисици
Вид: Црвена лисица
Научен назив
Vulpes vulpes
(Linnaeus, 1758)[2]
Подвидови
Распространетост на црвената лисица
      домородна
      доведена
      неизвесна присутност
Синоними
  • Canis vulpes Linnaeus, 1758
  • Canis alopex Linnaeus, 1758

Црвената лисица (научVulpes vulpes) — најпозната од сите видови на лисици. Taa е најраспространета не само од сите видови на лисици туку и од сите останати копнени месојадци. Како што кажува нејзиното име крзното по боја најчесто и е црвено-кафено. Постојат околу 40 подвидови на лисици.

Генерално, секоја лисица е самотник и живее на своја територија. Единствено во зима се здружува со друга лисица, додека во текот на летото самостојно се храни.

Vulpes vulpes- Черепот

Крзното од горната страна на црвената лисица најчесто е со црвена боја, а од долната бело, меѓутоа тоновите на бојата и се менуваат во зависност од подрачјето кое го населуваат, па според тоа, бојата на горниот дел од телото и варира од црвенкасто-жолта до темноцрвено-кафејава и може да биде ишарано со црвени, кафени, црни и бели влакна, а долниот дел од чисто бела па до сива боја. Долните делови од нозете и се црни. Очите на лисицата и се со златно-жолта боја и имаат карактеристични вертикално издолжени зеници слични како на мачката. Имаат одличен вид и многу се вешти, а опашката им овозможува рамнотежа при изведувањато на акробатски скокови. Силните нозе им овозможуваат да трчаат со брзина од 70 км/ч така што можат успешно да ловат или да му побегнат на предаторот.

Во текот на есента и на зимата, на лисицата и расте повеќе крзно отколку вообичаено. Тоа е т.н. “зимско крзно“ кое ја штити лисицата од студот, а кое го губи на почетокот на пролетта кога тоа повторно станува кратко во летниот период.

Се хранат претежно со разни глодачи, глувци, зајаци, инсекти, риби, но и со сите видови на други мали животни, билки како и со лешеви. Покрај тоа честа ловина им се и јајца од гнезда на птици кои се гнездат на земја како кокошки, еребици, фазани и др. Ретко уловуваат и младо срнче, а уште поретко прасе од дива свиња, додека некој влекач или водоземец ќе го изеде само во крајна нужда. Тиа знаат да влезат и во кокошарник и да украдат по некоја кокошка. Во зависност од годишното време лисиците се хранат и со зрели бобинки како и со равно овошје. Во потрага по храна лисиците ги јадат и животните кои настрадуваат во сообраќајот.

Црвените лисици се животни кои се активни во приквечерината, додека оние кои живеат во урбаните краеви се ноќни животни. Секоја лисица лови сама. Ако улови повеќе храна отколку што може да изеде, вишокот на храна го закопува и го јаде подоцна.

Подвидови

[уреди | уреди извор]
  • Vulpes vulpes abietorum
  • (Vulpes vulpes aeygpticus – синоним на V v niloticus)
  • Vulpes vulpes alascensis
  • Vulpes vulpes alpherakyi
  • (Vulpes vulpes alticola – синоним на V v kurdistanica)
  • Vulpes vulpes anatolica
  • Арапска црвена лисица Vulpes vulpes arabica
  • Vulpes vulpes atlantica
  • Vulpes vulpes bangsi
  • Vulpes vulpes barbara
  • Vulpes vulpes beringiana
  • Vulpes vulpes cascadensis
  • Vulpes vulpes caucasica
  • Vulpes vulpes crucigera
  • Vulpes vulpes daurica
  • Vulpes vulpes deletrix
  • (Vulpes vulpes diluta – синоним на V v crucigera)
  • Vulpes vulpes dolichocrania
  • Vulpes vulpes dorsalis
  • Vulpes vulpes flavescens
  • Vulpes vulpes fulvus
  • Vulpes vulpes griffithi
  • Vulpes vulpes harrimani
  • Vulpes vulpes hoole
  • Vulpes vulpes ichnusae
  • Vulpes vulpes indutus
  • Vulpes vulpes jakutensis
  • Vulpes vulpes japonica
  • Vulpes vulpes karagan
  • Vulpes vulpes kenaiensis
  • (Vulpes vulpes krimeamontana – синоним на V v stepensis)
  • Vulpes vulpes kurdistanica
  • Vulpes vulpes macroura
  • Vulpes vulpes montana
  • Vulpes vulpes necator
  • Vulpes vulpes niloticus
  • Vulpes vulpes ochroxanta
  • Vulpes vulpes palaestina
  • Vulpes vulpes peculiosa
  • Vulpes vulpes pusilla
  • Vulpes vulpes regalis
  • Vulpes vulpes rubricosa
  • Vulpes vulpes schrencki
  • (Vulpes vulpes septentrionalis – синоним на V v vulpes)
  • Vulpes vulpes silacea
  • Vulpes vulpes splendidissima
  • Vulpes vulpes stepensis
  • Vulpes vulpes tobolica
  • Vulpes vulpes tschiliensis
  • (Vulpes vulpes vulpecula – синоним на V v nilotica)
  • Vulpes vulpes vulpes
  • (Vulpes vulpes waddelli – синоним на V v montana)

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Лисицата е распространа во Северна Америка, Европа, Азија и Северна Африка.

  1. Hoffmann, M.; Sillero-Zubiri, C. (2021). Vulpes vulpes. Црвен список на загрозени видови. 2021: e.T23062A193903628. doi:10.2305/IUCN.UK.2021-1.RLTS.T23062A193903628.en. Посетено на 17 февруари 2022. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help); Занемарен непознатиот параметар |amends= (help)
  2. Linnaeus, Carl (1758). Canis Vulpes. Caroli Linnæi Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis (латински). Tomus I (decima, reformata. изд.). Holmiae: Laurentius Salvius. стр. 40.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]