Церемонија
Церемонија или свеченост е дејство со риатуално значење што се изведува по особена пригода.
Човечки живот
[уреди | уреди извор]Церемонијата може да одбележува започнување на фаза од човечкиот живот (кариера и сл.), како на пример:
Владини церемонии
[уреди | уреди извор]Во некои случаи церемонијата се изведува само од лице со извесен авторитет. Така, отворањето на Британскиот Парламент се врши од Претседавачот на Домот. Именувањето и пуштањето на еден брод е под надзор на капетанот или некој повисок поморски офицер. Венчавката се изведува од свештеник или матичар.
Послава на настани
[уреди | уреди извор]Други општи церемонии одбележуваат годишни или сезонски повторливи настани како:
- пролетна рамноденица
- зимска сончева пресвртница (сонцестој)
- неделен сабат
- инаугурација на избран функционер
- настани во една литургиска година или „слави“ календар на светци
Други церемонии ја одбележуваат важноста на важни нерегуларни настани како:
- крунисување на монарх
- победа во битка/војна
Во азиските земји церемониите се важен дел од животот дури и за поситни нешта, како да речеме чајна церемонија.
Процедура
[уреди | уреди извор]Церемониите имаат театрална компонента: танц, поворка, положување раце и др. Приликата се дефинира или завршува со декларативен вербален проглас, како на пример:
- Ве прогласувам за маж и жена.
- Се колнам дека ќе ја служам и бранам нацијата ...
- Ги прогласувам игрите „Х“ за отворени ...
Физичките и вербалните компоненти на церемонијата станувааат дел од литургија.