Прејди на содржината

Стадионот Франсис Филд

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стадионот Франсис Филд
Francis Field in snow.jpg
Место  САД Сент Луис, САД
Отворен 1903
Реновиран 1984
Сопственик Вашингтонскиот универзитет
Подлога трева
Игра
Гледачи 4000 (порано 19 000)

Стадионот Френсис Филд (англиски: Stadium Francis Field) е стадион на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, кој се користи за атлетика, фудбал и американски фудбал. Се наоѓа во Сент Луис, Мисури, на крајниот дел од кампусот Данфорт. Изграден е во времето на Светската изложба во 1904 година, а исто така се користел и како главен стадион за Летните олимписки игри во 1904 година, кои тогаш се одржувале во Соединетите Американски Држави. На игрите главно се користеше за атлетика. Во својот врв, стадионот имал капацитет за 19.000 луѓе, но во 1984 г. бил реновиран и намален капацитет на 4.000 луѓе. Тој е еден од најстарите спортски објекти западно од реката Мисисипи кој сè уште е во употреба. [1]

Стадионот за време на Летните олимписки игри 1904 година.


  1. „David R. Francis Field | Danforth Campus | Campus Tours | Visitors | University Community | Washington University in St. Louis“. Посетено на 7. 2. 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска][мртва врска]

Види повеќе

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Олимпијски стадиони