Пилав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пилав со рендано сирење

Пилав — јадење од варен ориз, прелиен со врело масло[1]. Името потекнува од турскиот назив Pilav [2], кој пак е позајмен од староперсиското پلو, што се изговара палау, односно од иранското polów.

Историјат[уреди | уреди извор]

Еден од најраните пишувани наводи за пилавот може да се најде во историјата за Александар Велики, кога се опишува бактриското гостопримство. (Бактрија била источна иранска провинција, веројатно родното место на жена му на Александар, Роксана и географски се наоѓа во денешен Узбекистан.)

Пилавот обично се смета за еден од најстарите начини на подготовка на ориз, кој има персиски корени. Познато е дека му бил послужен на Александар Велики по неговото заземање на Согдијан, главниот град на покраината Мараканда (денешен Самарканд). Подоцна војската на Александар го донела ова јадење назад во Македонија и тоа се проширило низ цела источна Европа.

Разновидност[уреди | уреди извор]

Во зависност од локалната кујна, пилавот исто така, може да содржи различни видови месо или зеленчук. Пилавот и сличните јадења се карактеристични за Блискиот Исток, Централна и Јужна Азија, Источна Африка, Латинска Америка и Карибите.

Во Италија пилавот е познат под називот ризото, во Иран се вика чилав, а се подготвува и во Кина и Јапонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]