Александар Саша Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Aлександар Саша Трајковски (р. 28 март 1985 во Битола) — македонски поет, преведувач и толкувач, редовен член и дел од Македонското научно друштво - Битола.[1] По професија е дипломиран лекар.


Александар Саша Трајковски
Александар Саша Трајковски
Роден/аАлександар Трајковски
28 март 1985
Битола, Македонија
Занимањелекар, поет и преведувач
НационалностМакедонец
ОбразованиеУниверзитет по медицина и фармација „Карол Давила“ - Букурешт, Романија. Специјализација на Медицински факултет - Скопје.


Биографија[уреди | уреди извор]

Трајковски е роден на 28 март 1985 година Битола, каде што има завршено основно училиште во ОУ „Гоце Делчев“ и средно училиште во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а студиите по медицина ги завршил на Универзитетот по медицина и фармација „Карол Давила” во Букурешт, Романија.[2]

Член е на Македонското лекарско друштво (МЛД), Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) и член на Македонското научно друштво - Битола.[3] Член е на Клубот на писателите "Коста Солев Рацин" од Велес, во здружението на поети и писатели "Поетска Харфа Скопје" .

Преведува литературни дела од истакнати современи писатели на романски јазик и за реномирани книжевни организации, како што се Струшките вечери на поезијата (СВП). Неговите две книги со поезија за возрасни, со наслови “Лирски елегии” и “Поеми од балканот” кои се објавени од најстарата издавачката куќа во Битола “Дата Песнопој” се преведени на над 10 светски јазици. Книгата со поезија “Балканско Хаику - Харакири во издание на Здружението за книжевен развој “Нов Вавилон” од Битола, испечатена во над илјада примероци, и преведена над пет светски јазици, објавена во повеќе меѓународни литературни списанија и манифестации.Учествувал на бројни поетски читања низ Македонија и Европа. Застапен е и во ХИПЕРПОЕМА”, која е номинирана за Гинис, за најдолга поема некогаш напишана, објавена во Магазинот „Хуманити“ за поезија на англиски јазик.

  • Струшки вечери на поезијата
  • „Песнило“ – Младински културен центар
  • Бела ноќ – Скопје
  • Денови на младата македонска проза - Софија
  • Софија: Поетики - Софија, Бугарија,
  • Меѓународен македонски фестивал за поезија и литература “Струшките Книжевни Средби” 2022 година
  • Меѓународен романски фестивал за поезија и литература 2021 г.
  • Самостојна книжевна вечер во Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, 2016 година
  • Астални проекции – Менада, 2014 г. и 2016 година
  • Денови на младата македонска проза - Софија, 2015 година
  • Барски летопис, самостојна книжевна вечер, Бар, 2015 година
  • СУР - Стих у регији, Загреб, 2015 година
  • Меѓународен поетски фестивал - Европски Книжевни ''Раскуси'', (Пресеци) 2023 година.
  • Maјските Поетски Вечери - Прилеп, Македонија, 2023 година
  • Меѓународна поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” - 2023 година


Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Кратки поеми за најмладите боеми (поезија за деца, 2021) Скопје: (Ѓурѓа)
  • Лирски елегии (поезија за возрасни, 2021)[4] Битола (Дата Песнопој)
  • Поеми од Балканот (поезија за возрасни, 2021)[4] Битола (Дата Песнопој)[5]
  • “Балканско Хаику - Харакири”.2023 Битола (Здружение за книжевен развој “Нов Вавилон”)[6][7]
  • “Анатомија на поезијата”.2023 Битола: (Дата Песнопој)[8]
  • “Различни светови” 2023 (Заедничка поетска книга од повеќе автори). Велес: (Збор)

Награди[уреди | уреди извор]

За двете збирки поезија „Лирски елегии“ и „Поеми од Балканот“, Трајковски ја има добиено наградата „Душата на чаршијата“ за најдобра поетска збирка.[9] Награда за Најдобра поетска книга “Лирски елегии” за 2023 год. на поетско - музичкиот настан “Уметност преточена во музика и поезија” - 2023 година. (Свети Николе).Златна плакета за Најдобра поетска творба “Навидум случајно” на поетско - музичкиот настан “Уметност преточена во музика и поезија”- 2023 година. (Свети Николе). Признание за допринос во светската култура на меѓународниот фестивал- Европски книжевни “РАСКУСИ 2023” од светската асоцијација на поети и светската академија за литература. (Свети Николе). Платинеста плакета за убавиот поетски пишан збор на Меѓународен литературен фестивал ,, VIII ОХРИДСКИ БИСЕР НА ПОЕЗИЈАТА 2023” (Охрид, 26 мај).Трета награда за литературна творба ("Јас, ти, Ромео и Јулија ") во десетерец и бел стих на литературен конкурс - ,,ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР 2023” (Скопје, 20 јули). Посебно ПРИЗНАНИЕ за ЕЛЕГИЈА (лирско-епска) творба ("Љубов фатална") на дванаесеттата интернационална поетска манифестација ,,ПОЕТСКА ГАЛА” - 2023 (Скопје, 29 јули).Прва награда за проза на меѓународната литературна манифестација ,,ГОРДАНА КОЦЕВА” за  2023 година.[10] Престижна награда на поетскиот литературен конкурс за возрасни, деца и млади творци ,,КОЛЕДИЦА, МЕЛЕДИЦА И ПО НЕА БАДНИК И ВАСИЛИЦА”(05/01/ 2024 година, Скопје).

Наводи:[уреди | уреди извор]

  1. „д-р Александар Саша Трајковски“. Македонско Научно Друштво - Битола. 2021-07-12. Посетено на 2021-12-24.
  2. „Биографија“. Д-р Александар Саша Трајковски. Архивирано од изворникот на 2022-04-08. Посетено на 2022-04-03.
  3. д-р Александар Саша Трајковски - Македонско Научно Друштво - Битола (англиски), Македонско Научно Друштво - Битола, 2021-07-12
  4. 4,0 4,1 Февруари, 2; Вести, 2022 | (2022-02-02). „ЛЕКАРОТ АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ ОБЈАВИ ДВЕ КНИГИ ПОЕЗИЈА“. СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2022-04-03.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  5. Антевска, Ана (2022-02-02), ЛЕКАРОТ АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ ОБЈАВИ ДВЕ КНИГИ ПОЕЗИЈА, СМАРТ - СДК МК
  6. Вавилон, Здружение за книжевен развој Нов (2023-03-01). „Излезе од печат книгата хаику поезија „БАЛКАНСКО ХАИКУ-ХАРИКИРИ" од д-р Александар С. Трајковски“. Medium (англиски). Посетено на 2024-02-07.
  7. https://denesen.mk/nova-kniga-poezija-i-nagrada-za-poetot-i-doktor-aleksandar-sasha-trajkovski/
  8. “Анатомија на поезијата“- шестата книга на д-р Александар Саша Трајковски од Битола - Bitola News, Bitola News - Сите вести од Битола на едно место, 2023-06-19
  9. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2022-02-21. Посетено на 2022-02-21.
  10. Поетот Александар Саша Трајковски од Битола освои прва награда од светската поетска асоцијација - Bitola News, Bitola News - Сите вести од Битола на едно место, 2023-08-29

Надворешни врски:[уреди | уреди извор]