Александар Саша Трајковски
Aлександар Саша Трајковски (р. 28 март 1985 во Битола) — македонски поет, преведувач и толкувач, редовен член и дел од Македонското научно друштво - Битола.[1] По професија е дипломиран лекар.
Александар Саша Трајковски | |
---|---|
![]() Александар Саша Трајковски | |
Роден/а | Александар Трајковски 28 март 1985 Битола, Македонија |
Занимање | лекар, поет и преведувач |
Националност | Македонец |
Образование | Универзитет по медицина и фармација „Карол Давила“ - Букурешт, Романија. Специјализација на Медицински факултет - Скопје. |
Биографија[уреди | уреди извор]
Трајковски е роден на 28 март 1985 година Битола, каде што има завршено основно училиште во ОУ „Гоце Делчев“ и средно училиште во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а студиите по медицина ги завршил на Универзитетот по медицина и фармација во Букурешт, Романија.[2]
Член е на Македонското лекарско друштво (МЛД), Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) и член на Македонското научно друштво - Битола.
Преведува литературни дела од истакнати современи писатели на романски јазик и за реномирани книжевни организации, како што се Струшките вечери на поезијата (СВП).
Библиографија[уреди | уреди извор]
- Кратки поеми за најмладите боеми (поезија за деца, 2021)
- Лирски елегии (поезија за возрасни, 2021)[3]
- Поеми од Балканот (поезија за возрасни, 2021)[3]
Награди[уреди | уреди извор]
За двете збирки поезија „Лирски елегии“ и „Поеми од Балканот“, Трајковски ја има добиено наградата „Душата на чаршијата“ за најдобра поетска збирка.[4]
Наводи:[уреди | уреди извор]
- ↑ „д-р Александар Саша Трајковски“. Македонско Научно Друштво - Битола. 2021-07-12. Посетено на 2021-12-24.
- ↑ „Биографија“. Д-р Александар Саша Трајковски. Архивирано од изворникот на 2022-04-08. Посетено на 2022-04-03.
- ↑ 3,0 3,1 Февруари, 2; Вести, 2022 | (2022-02-02). „ЛЕКАРОТ АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ ОБЈАВИ ДВЕ КНИГИ ПОЕЗИЈА“. СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2022-04-03.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ https://www.mkd.mk/kultura/knizhevnost/lirski-elegii-i-poemi-od-balkanot-novi-knigi-na-d-r-aleksandar-sasha-trajkovski?fbclid=IwAR3n6vqWZjnx3dBPte_S27g-HfmDvT5-ZubLvXKUGPq2eMIegO8oZ2KXHj8