Еребица: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, ситна поправка
с Правописна исправка, replaced: Балканскиот полуостров → Балканскиот Полуостров using AWB
Ред 18: Ред 18:
}}
}}

'''Еребицата''' е род на птици од фамилијата на [[кокошки]]. Спаѓа во групата на пердувест [[лов]]ен дивеч и опфаќа неколку подвидови, помеѓу кои најраспространети се полската еребица и [[Еребица камењарка|еребицата камењарка]]. На подрачјето на [[Република Македонија]] живее средноевропската [[Полска еребица|полска еребица]] ''Perdix perdix''.
'''Еребицата''' е род на птици од фамилијата на [[кокошки]]. Спаѓа во групата на пердувест [[лов]]ен дивеч и опфаќа неколку подвидови, помеѓу кои најраспространети се полската еребица и [[Еребица камењарка|еребицата камењарка]]. На подрачјето на [[Република Македонија]] живее средноевропската [[полска еребица]] ''Perdix perdix''.

== Полска Еребица ==
== Полска Еребица ==
Ред 24: Ред 24:

=== Изглед ===
=== Изглед ===
Полската еребица се одликува со изразито пепелава заштитна боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има големини од 30 cm, и распон на крилја до 50 cm. Карактеристично за неа е една поголема темно-кафена дамка во вид на потковица која на стомакот ја имаат мажјакот и женката. Оваа дамка кај мажјакот редовно е поистакната. Женките и мажјаците тешко се разликуваат помеѓу себе. Женките се разликуваат од мажјаците само по шаренилото на пердувите на крилата. Овие пердувчиња имаат една изразита надолжна бела пруга и странично бели попречни линии. Кај мажјаците постои само надолжната пруга. Полските еребици имаат добро развиено сетило за слух и вид. Живеат околу три години и покрај грабливците голема опасност за нив претставуваат и хемијските средства кои се употребуваат во земјоделството за сузбивање на плевели.

=== Размножување ===
=== Размножување ===
Ред 30: Ред 30:

== Еребица Камењарка ==
== Еребица Камењарка ==
Еребицата камењарка може да се сретне на [[Алпите]], во јужна и средна [[Италија]] и на некои делови на Балканскиот полуостров, во [[Македонија]] се среќава најчесто во [[Мариово]]. Најчесто престојува во предели каде има слаба вегетација.
Еребицата камењарка може да се сретне на [[Алпите]], во јужна и средна [[Италија]] и на некои делови на Балканскиот Полуостров, во [[Македонија]] се среќава најчесто во [[Мариово]]. Најчесто престојува во предели каде има слаба вегетација.

=== Изглед ===
=== Изглед ===
'''Еребицата камењарка''' е голема до 36 cm, а распонот на крилјата може да и достигне до 60 cm. Истото како и полската еребица се одликува со изразито пепелава боја, додека во долниот дел од телото и преовладува белата боја со црни шари. Оваа врста на [[птици]] живее во мали јата и се храни со семки, [[Капина|капини]], [[инсекти]] и [[полжави]].

Ред 46: Ред 46:
== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи}}

[[Категорија:Еребици]]
[[Категорија:Еребици]]

Преработка од 03:07, 14 мај 2020

Еребица
Grey Partridge
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Galliformes
Семејство: Phasianidae
Род: Perdix
Brisson, 1760
Видови

P. perdix
P. dauurica
P. hodgsoniae

Еребицата е род на птици од фамилијата на кокошки. Спаѓа во групата на пердувест ловен дивеч и опфаќа неколку подвидови, помеѓу кои најраспространети се полската еребица и еребицата камењарка. На подрачјето на Република Македонија живее средноевропската полска еребица Perdix perdix.

Полска Еребица

Полската еребица ги населува подрачјата со умерена клима, меѓутоа може ретко да се најде и на повисоки места, на повисока надморска височина.

Изглед

Полската еребица се одликува со изразито пепелава заштитна боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има големини од 30 cm, и распон на крилја до 50 cm. Карактеристично за неа е една поголема темно-кафена дамка во вид на потковица која на стомакот ја имаат мажјакот и женката. Оваа дамка кај мажјакот редовно е поистакната. Женките и мажјаците тешко се разликуваат помеѓу себе. Женките се разликуваат од мажјаците само по шаренилото на пердувите на крилата. Овие пердувчиња имаат една изразита надолжна бела пруга и странично бели попречни линии. Кај мажјаците постои само надолжната пруга. Полските еребици имаат добро развиено сетило за слух и вид. Живеат околу три години и покрај грабливците голема опасност за нив претставуваат и хемијските средства кои се употребуваат во земјоделството за сузбивање на плевели.

Размножување

Живеат во парови, кои ги образуваат во периодот од февруари и март. Брзо после тоа почнуваат да се парат и женката положува до 18 сиво-зелени јајца, во претходно направено гнездо. Женката лежи на јајцата 24 дена, додека мажјакот чува стража. По испилувањето на младите потребана е голема количина на храна, која ја сочинуваат најмногу инсектите.

Еребица Камењарка

Еребицата камењарка може да се сретне на Алпите, во јужна и средна Италија и на некои делови на Балканскиот Полуостров, во Македонија се среќава најчесто во Мариово. Најчесто престојува во предели каде има слаба вегетација.

Изглед

Еребицата камењарка е голема до 36 cm, а распонот на крилјата може да и достигне до 60 cm. Истото како и полската еребица се одликува со изразито пепелава боја, додека во долниот дел од телото и преовладува белата боја со црни шари. Оваа врста на птици живее во мали јата и се храни со семки, капини, инсекти и полжави.

Размножување

Животниот век на оваа еребица може да трае и до 8 години, на кои често влијаат непријателите како што се лисиците, куните, творовите, птиците грабливки и др. Сезоната на парење е во периодот на пролетта. Женката снесува од 10 до 15 бели јајца со црвени пеги на кои лежи од 24 до 26 денови.

Распространетост

Европа и Азија

Еребицата како тема во уметноста

  • „Јаребице шарена“ - македонска народна песна.[1]

Наводи

  1. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 177.