Исцелител (филм): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
+ синедејс |
надворешни врски |
||
Ред 45: | Ред 45: | ||
== Наводи == |
== Наводи == |
||
{{наводи}} |
{{наводи}} |
||
== Надворешни врски == |
|||
* [http://iscelitel.mk/ Официјална веб страница на филмот] |
|||
* {{IMDb title|7610008|Исцелител}} |
|||
[[Категорија:Македонски филмови]] |
[[Категорија:Македонски филмови]] |
||
[[Категорија:Филмови од 2017]] |
[[Категорија:Филмови од 2017]] |
Преработка од 18:13, 10 февруари 2018
„Исцелител“ | |
---|---|
Македонски плакат за филмот | |
Режисер | Ѓорче Ставрески |
Продуцент | Ѓорче Ставрески |
Сценарист | Ѓорче Ставрески |
Главни улоги | Благој Веселинов Анастас Тановски |
Жанр | комедија, драма |
Музика | Гоце Јованоски Бранислав Николов Пеце Трајковски Брада |
Кинематографија | Дејан Димески |
Дистрибутер | Wide |
Премиера | 9 ноември 2017 (Солунски филмски фестивал) 19 ноември 2017 (Синедејс) |
Времетраење | 104 мин. |
Земја | Македонија Грција |
Јазик | Македонски |
Исцелител (англиски назив: Secret Ingredient, Тајната состојка) — македонски филм, во режија на Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. За меѓународната дистрибуција на филмот била задолжена француската агенција Wide.[1] Главните улоги ги играат: Благој Веселинов и Анастас Тановски.[2]
Исцелител е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Најголем шарм на филмот се непретенциозноста и искреноста кои ги покриваат недостатоците и несигурноста во некои делови.[1]
Според зборовите на режисерот Ставрески, филмот бил создаден во долг временски период: од првите напишани зборови во сценариото па до премиерата на филмот поминале дури седум години. Првите три верзии на сценариото биле напишани како семејна драма.[1]
Премиерата на филмот била одржана на Солунскиот филмски фестивал, каде освоил награда од публиката. Престижното списание „Вараети“ (Variety) објавило рецензија на филмот, оценувајќи го како прекрасен филм кој „не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија...“[1]
Содржина
Веле (Благој Веселинов), механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо (Анастас Тановски) колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.[3]
Улоги
- Благој Веселинов - Веле
- Анастас Тановски - Саздо
- Аксел Мехмет - Џем
- Александар Микиќ - Мрсни
- Мирослав Петковиќ - Коки
- Диме Илијев - Тоде
- Симона Димковска - Јана[2]
Некои од останатите улоги ги толкуваат: Игор Ангелов, Атанас Атанасовски, Симеон Дамевски - Мони, Катарина Илиевска, Бобан Кулески, Лазе Манасков, Јордан Симонов, Горан Стојановски, Наталија Теодосиева, Горан Трифуновски, Сенко Велинов, Лиле Велјанова и други.[2]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Јаневски, Ѓорѓи (2017/2018). „„Исцелител - Одблиску со Ѓорче Ставрески"“. Економија и бизнис (234/235): 104–105. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|year=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница