Национална арена „Тоше Проески“: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27: Ред 27:


<gallery>
<gallery>
File:FCRabotnicki-Crusaders2009.JPG|Квалификациски меч во УЕФА Европа лига
File:FCRabotnicki-Crusaders2009.JPG|Квалификациски меч во [[Лига Европа|УЕФА Европа лигата]]
File:National Arena Skopje.jpg| Поглед однадвор
File:National Arena Skopje.jpg| Поглед однадвор
File:Skopje bulevard kliment ohridski.jpg|Поглед од Водно
File:Skopje bulevard kliment ohridski.jpg|Поглед од [[Водно]]
File:Arena Filip Vtori 3014wiki.jpg|Арената навечер
File:Arena Filip Vtori 3014wiki.jpg|Арената навечер
File:SStandPhilipIIArena.jpg|Поглед од јужната трибина
File:SStandPhilipIIArena.jpg|Поглед од јужната трибина

Преработка од 14:36, 30 јуни 2015

Национална Арена
„Филип II Македонски“
Градски стадион
Место Градски Парк, Скопје, Македонија
Отворен 1947
Проширен 2008-2011
Сопственик Град Скопје
Оператор ФФМ
Подлога трева
Главен изведувач ГП Бетон
Игра ФК Работнички
ФК Вардар
Национален фудбалски тим на Македонија
Гледачи

Национална арена „Филип II Македонски“ во Скопје — повеќенаменски стадион кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија. Неговиот моментален максимален капацитет изнесува 36.400. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 и со тоа сега името гласи Национална арена „Филип Втори“.[1][2] Старото име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.

Изградба и реконструкција

Изградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина. Истата била завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година била урната старата северна трибина и започнала изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина била пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година започнала изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата била пуштена во употреба за потребите на натпреварот Работнички-Ливерпул, кој се одиграл на 29 јули 2010[3]. На 24 април 2011 во употреба биле пуштени источната и западната трибина со што целосно завршила првата фаза од реконструкцијата. Втората фаза опфаќала реконструкција на теренот и атлетската патека и истата отпочнала во септември 2011. Реконструкцијата завршила со уредувањето на подтрибинскиот простор. [4] Во септември 2013 започнала третата фаза од реконструкцијата, односно фасадното уредување и осветлување на арената. Новиот изглед на стадионот ќе овозможи и искристување на подтрибинскиот просор. Дел од овој простор ќе биде наменет за спортските федерации, а дел ќе се користи за комерцијална намена.[5]

Настани

Во јуни 2015 година, УЕФА го избрала стадионот за да биде домаќин на 2017 УЕФА Супер Купот.[6][7][8][9]

Галерија

Наводи

Координати: 42°0′20.64″N, 21°25′32.13″E