Анж Жак Габриел: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 2: | Ред 2: | ||
'''Анж-Жак Габриел''' ([[фр.]] ''Ange-Jacques Gabriel'', [[23 октомври]] [[1698]] – [[4 јануари]] [[1782]]) бил истакнат [[Франција|француски]] [[архитект]], највлијателниот во својата генерација. |
'''Анж-Жак Габриел''' ([[фр.]] ''Ange-Jacques Gabriel'', [[23 октомври]] [[1698]] – [[4 јануари]] [[1782]]) бил истакнат [[Франција|француски]] [[архитект]], највлијателниот во својата генерација. |
||
Роден е во [[1698]] г. во [[Париз]], и се обучувал кај кралскиот архитект [[Робер де Кот]] и кај татка си, кому му помагал во проектирањето на Кралскиот дворец (сега Палата на берзата) во [[Бордо]] (завршен 1735). Во 1728 г. младиот Габриел Потоа станува член на Кралската архитектонска академија. Од 1735 г. работел како главен помошник на татка си, кој бил главен архитект на [[Версајски дворец|Версај]], а во 1742 го презел неговото работно место, и со тоа станал најважниот архитект Франција. На ова место се задржал речиси [[Луј XV]]. |
Роден е во [[1698]] г. во [[Париз]], и се обучувал кај кралскиот архитект [[Робер де Кот]] и кај татка си, кому му помагал во проектирањето на Кралскиот дворец (сега Палата на берзата) во [[Бордо]] (завршен 1735). Во 1728 г. младиот Габриел Потоа станува член на Кралската архитектонска академија. Од 1735 г. работел како главен помошник на татка си, кој бил главен архитект на [[Версајски дворец|Версај]], а во 1742 го презел неговото работно место, и со тоа станал најважниот архитект Франција. На ова место се задржал во текот на речиси целото владеење на [[Луј XV]]. |
||
[[Податотека:Châteautrianon.jpg|мини|лево|„Малиот Тријанон“ во [[Версајски дворец|Версај]]]] |
[[Податотека:Châteautrianon.jpg|мини|лево|„Малиот Тријанон“ во [[Версајски дворец|Версај]]]] |
||
Во 1754 г. Габриел почнал да работи на симетричните палатијални фасади на зданијата што ја образуваат северната меѓа на тогашниот плоштад „Луј XV“ (сегашен [[Плоштад Конкорд|плоштад Конкорд]]) во Париз, завршувајќи ги во 1763. Зданието десно служело како складиште за кралската покуќнина (''mobilier de la couronne''), со луксузно сместување за управникот. Од 1789 наваму во зданието е сместен [[адмиралштаб]]от. |
Во 1754 г. Габриел почнал да работи на симетричните палатијални фасади на зданијата што ја образуваат северната меѓа на тогашниот плоштад „Луј XV“ (сегашен [[Плоштад Конкорд|плоштад Конкорд]]) во Париз, завршувајќи ги во 1763. Зданието десно служело како складиште за кралската покуќнина (''mobilier de la couronne''), со луксузно сместување за управникот. Од 1789 наваму во зданието е сместен [[адмиралштаб]]от. |
Преработка од 12:06, 23 октомври 2011
Анж-Жак Габриел (фр. Ange-Jacques Gabriel, 23 октомври 1698 – 4 јануари 1782) бил истакнат француски архитект, највлијателниот во својата генерација.
Роден е во 1698 г. во Париз, и се обучувал кај кралскиот архитект Робер де Кот и кај татка си, кому му помагал во проектирањето на Кралскиот дворец (сега Палата на берзата) во Бордо (завршен 1735). Во 1728 г. младиот Габриел Потоа станува член на Кралската архитектонска академија. Од 1735 г. работел како главен помошник на татка си, кој бил главен архитект на Версај, а во 1742 го презел неговото работно место, и со тоа станал најважниот архитект Франција. На ова место се задржал во текот на речиси целото владеење на Луј XV.
Во 1754 г. Габриел почнал да работи на симетричните палатијални фасади на зданијата што ја образуваат северната меѓа на тогашниот плоштад „Луј XV“ (сегашен плоштад Конкорд) во Париз, завршувајќи ги во 1763. Зданието десно служело како складиште за кралската покуќнина (mobilier de la couronne), со луксузно сместување за управникот. Од 1789 наваму во зданието е сместен адмиралштабот.
Габриеловата воздржаност во планирањето и детаљите претставувала движечка сила во преодот од рококо во неокласицизмот. Во текот на четири децении Габриел бил единствениот одговорен за изградба во Версај (објект во поново време наречен „Габриелово крило“), но и за постојаната преработка на одаите во Версај. Неговиот „Мал Тријанон“ претставува бисер на францускиот класицизам.
Габриел починал во Париз во 1782 г.
Поважни дела
- Доградба и преработка на дворецот Шоази (1740-1777)
- Компјењски замок (од 1750)
- Битаров павилјон (1750) во Ла Сел-Сен-Клу (кај Париз).
- Палата на берзата, Бордо (1755) (како Кралски дворец)
- Доградба на Менарскиот дворец (1760-1764) за Мадам де Помпадур
- Мал Тријанон во Версај (1762-1768)
- Воената школа на Марсовото Поле во Париз
- Операта на Версајскиот дворец (1769-70)
- Плоштад Конкорд (како плоштад „Луј XV“), 1772
- Адмиралштабот на Франција, на плоштадот Конкорд, 1775
- Хотелот Кријон, на плоштадот Конкорд
Надворешни врски
„Анж Жак Габриел“ на Ризницата ? |
- Анж-Жак Габриел на „Great Buildings Online“ (англиски)