Бело сирење
Бело сирење | |
---|---|
Парче сирење | |
Земја на потекло | Балкан |
Место | н/п |
Млеко од | овчо, козјо или кравјо |
Пастеризирано | зависи од видот |
Текстура | зависи од видот |
Узревање | барем 3 месеци |
Уверение | ЗП |
Бело сирење (или понекогаш само сирење) — вид на сирење во расол кое се прави во Македонија како и во повеќе земји на Балканот и е слично на фета сирењето. Ова сирење ужива многу висок статус во локалните кујни и е важен дел од традиционалната исхрана во овие региони со векови. Белото сирење може да се прави од овчо, козјо или кравјо млеко, а често се среќава и во комбинацијата овчо-кравјо. Сирењето е ронливо со масленост од 40-45%. Се произведува во блокчиња, со малку грануларен состав. Вкусот му е свеж и лимонест. Се употребува посебно, како и во салати и разни печени јадења.Сирњето е ценета намирница поради својата трајност, преносливост и високиот процент на масти, белковини, калциум и фосфор. Сирењето е компактна и долготрајна храна од млеко.
Сирењето како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „православното сирење и бракот“ — кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 г.[1]
Биено сирење
[уреди | уреди извор]Биеното сирење е полномасно сирење со изразито жолта боја и специфична арома кое се обработува на традиционален начин со рачна изработка која потекнува од маиовскиот крај на Македонија. Добиено од пастеризирано кравјко млеко богато витамини, калциум и други хранливи состојки кои се потребни на организмот за извршување на секојдневните активности[2].
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Бело сирење во млекарница
-
Асортиман на производи од бело сирење
-
Бело сирење и кашкавал
-
Процес на пакување на бело сирење и кашкавал
-
Сирење во комбинација со ајвар
-
Овчо сирење како додадок во јуфки
-
Биено сирење на жар
-
Биено сирење на скара
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
- ↑ User, Super. „Биено сирење“. Mlekara MIKI. Архивирано од изворникот на 2018-02-12. Посетено на 2017-11-28.