Бело сирење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бело сирење
Парче сирење
Земја на потеклоБалкан
Местон/п
Млеко одовчо, козјо или кравјо
Пастеризиранозависи од видот
Текстуразависи од видот
Узревањебарем 3 месеци
УверениеЗП

Бело сирење (или понекогаш само сирење) — вид на сирење во расол кое се прави во Македонија како и во повеќе земји на Балканот и е слично на фета сирењето. Ова сирење ужива многу висок статус во локалните кујни и е важен дел од традиционалната исхрана во овие региони со векови. Белото сирење може да се прави од овчо, козјо или кравјо млеко, а често се среќава и во комбинацијата овчо-кравјо. Сирењето е ронливо со масленост од 40-45%. Се произведува во блокчиња, со малку грануларен состав. Вкусот му е свеж и лимонест. Се употребува посебно, како и во салати и разни печени јадења.Сирњето е ценета намирница поради својата трајност, преносливост и високиот процент на масти, белковиникалциум и фосфор. Сирењето е компактна и долготрајна храна од млеко.

Сирењето како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „православното сирење и бракот“ — кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 г.[1]

Биено сирење[уреди | уреди извор]

Биеното сирење е полномасно сирење со изразито жолта боја и специфична арома кое се обработува на традиционален начин со рачна изработка која потекнува од маиовскиот крај на Македонија. Добиено од пастеризирано кравјко млеко богато витамини, калциум и други хранливи состојки кои се потребни на организмот за извршување на секојдневните активности[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
  2. User, Super. „Биено сирење“. Mlekara MIKI. Архивирано од изворникот на 2018-02-12. Посетено на 2017-11-28.