Прејди на содржината

Света Агата Сицилиска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Света Агата)
Агата Сицилиска
светец, маченик
Роден(а) 231[1], Катанија или Палермо, Сицилија
Починал(а) 251, Катанија
Почитуван(а) во римокатоличка црква
православие
древноисточни цркви
Слава 5 февруари
Обележја ножици, клешти
Заштитништво Сицилија

Света Агата е христијански светец и маченик од III век.

Родена е во сицилијанскиот град Палермо од благородни и имашни родители. Кога царот Дециј Трајан почнал гонење на христијаните света Агата била фатена и изведена на суд пред судијата Квинтинијан. Според христијанските верувања, судијата ја видел Агатија многу убава во лицето и посакал да ја има за жена. Кога тој тоа го предложил ѝ на Агатија, таа му одговорила дека e невеста Христова. Судијата ја ставил на тешки маки и мачења. Во затворот ѝ се јавил Апостол Петар и ѝ го вратил целосно телесното здравје. Повторно била изведена на мачење и повторно била фрлена во затворот каде што ја предала својата душа на Бога во 251 година во градот Катана, а во времето на царот Дециј Трајан[2].

Православната црква неговиот ден го чествува на 5 февруари.

По неа е наречено гратчето Сантагата Болоњезе во Емилија-Ромања, Италија, каде денес се произведуваат автомобилите „Ламборгини“.

  1. Date offered by Santo D'Arrigo, Il Martirio di Santa Agata (Catania) 1985, working back from her death in the Decian persecutions.
  2. „Охридски пролог“ стр. 50