Самоуништување (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Самоуништување“
РежисерЕрбил Алтанај
ПродуцентЈовица Михајловски
СценаристСашко Насев
Главни улогиЈовица Михајловски
Катерина Коцевска
Благоја Чоревски
Оливер Митковски
Тони Михајловски
Благоја Чоревски
Бајруш Мјаку
Времетраење115 мин.
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски

Самоуништување е македонски игран филм од 1996 година. Режиран е од Ербил Алтанај, по сценарио на Сашко Насев, а како продуцент и во главната улога се јавува Јовица Михајловски, Катерина Коцевска, Благоја Чоревски, Тони Михајловски

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Јовица Михајловски Кумплунг (Јован)
Катерина Коцевска Стојна
Благоја Чоревски Славчо (Цацко)
Оливер Митковски Цоле
Јелена Мијатовиќ Шила
Тони Михајловски Црни (уличен ограбувач)
Силвана Ерац Вилма
Валентина Божиновска Роза
Бајруш Мјаку Шеф на кафана

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Филмот „Самоуништување“ е урбана трагикомедија чија тема е распаѓањето на семејството, кризата на поединецот врзана со духот на времето во кое се случува дејството, иако пред сè, тоа е семејна морална драма која може да се смести и во кое било време и место, а во случајов се одвива во едно скопско предградие, и се случува сега. Тоа е приказна за Кумплунг, таксист, човек без морални предрасуди, силеџија и љубовџија, човек што ги почитува само своите страсти. Тој кон сопругата Стојна, работничка во фабрика, се однесува како кон сопственост, па таа ропски послушна ги исполнува неговите барања и го поднесува неговото грубо и просто однесување.

Цоле, неговиот син студент, е малтретиран од својот татко кој кон него не чувствува ниту татковска љубов ниту обврска. Единствена слабост Кумплунг покажува кон неговата љубовница Шила, кафеанска пејачка, која се мажи за полицискиот инспектор, брат на Стојна. Само тогаш Кумплунг е исфрлен од шемата по која живее и веднаш бара нов сексуален објект. Жртва станува девојката на неговиот син, Вилма, наивна и приглупа девојка која по силувањето станува негова љубовница. Од оваа тајна врска таа останува бремена. Цоле, при една брутална сцена на насилство на Кумплунг врз Стојна, го напаѓа таткото кој потоа останува инвалид врзан за количка. Цоле се жени за Вилма, таа раѓа син, а Стојна и понатаму ропски ја поднесува судбината обременета со нови тешкотии.