СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци
Ѓорче Петров | |
Место | |
Општина: | Кавадарци |
Место: | Кавадарци |
Адреса: | ул. Шишка бр.23 |
Основни информации | |
Основано: | 1956 |
Директор: | Ратка Росомански |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | https://www.sozsugjp.edu.mk/ |
„Ѓорче Петров“ — средно училиште во Кавадарци, Општина Кавадарци[1].
Основање и развој
[уреди | уреди извор]Претходница на ова училиште било основано во 1945-46 година кога била создадена една шумарска паралелка во рамките на Дрвното Техничко училиште “Здравко Цветковски” од Скопје. На 16 јули 1956 година, преку решението број 14982 на титовелешката околија,[2] средното земјоделско-шумарско училиште било основано со двете насоки – општа шумарска (две паралелки) и лозаро-винарска (една паралелка). Од 1965 до 1984 година училиштето се поделило и се обликувале две училишта, шумарски училиштен центар и лозаро-винарски училиштен центар, кои во учебната 1983-84 година повторно биле споени.
Од работата на училишниот центар од 1965 година добиени се и оформени следните производни објекти за обавување на практична настава:[2] Декоративен расадник; Оранжерија; Ботаничка градина; Работилница; Ниско стеблеста шума – “Љубаш”; Наставно-научна шума – “Михајлово”; Полигон за обука на шумарски работници, а по интеграцијата во учебната 1983-84 година изградена е нова зграда на училишниот центар од 2000 м2, работилница за дрво-преработувачка струка, машинаска работилница, обновени се оранжериите, преуреден е училишниот двор, асвалтирани се спортските игралишта, патеките и училишниот двор и започната е изградбата на објектот за теренска настава во месноста Михајлово.
Во 1987 година, училиштето било проширувано.[2]
Од 1992 година училиштето го носи називот СОЗШУЦ “Ѓорче Петров”. Училиштето како воспитно-образовна и стручна установа континуирано постигнува забележителни резултати во образованието, воспитанието и стручното оспособување на кадрите. Училиштето го посетуваат 716 ученика расподелени во 24 паралелки во четири наставни години, а во него работат 50 наставници, и се школуваат кадри од 4-ти и 5-ти степен стручна подготовка. Училиштето поседува и библиотека со книжен фонд од над 13 000 книги. Во училиштето се школуваат ученици од сите краишта на државата.
Учество на натпревари
[уреди | уреди извор]Во месец мај 2010 година на „Државната смотра на млади техничари“ одржана во Гостивар, во приватното средно училиште Јахја Кемал, ученикот Попов Митко од III-3 клас, освоил трета награда на државно ниво, во дисциплината информатика - примена на софтвер. Ментор на ученикот бил професорот по информатика Тодоров Ѓоко.
Освоени награди
[уреди | уреди извор]Познати личности кои учеле во ова училиште
[уреди | уреди извор]- Љупчо Бубо Каров - К15 продукција
- Ѓоко Танески - пејач, претставник на Евросонг од Македонија
- Горан Самарџиев - кошаркар
- Колев - ракометар
- Ацо Трендафилов - професор на Шумарски факултет
Познати личности кои предавале во ова училиште
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Лична карта“. sozsugjp.edu.mk. Посетено на 17 декември 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на училиштето Архивирано на 14 април 2009 г.
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука