Прејди на содржината

Републиканска партија (САД)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Републиканска партија
Republican Party
ПретседателМајкл Ватли
Основана20 март 1854 (1854-03-20)
ШтабВашингтон, Прва улица 310
Студентско крилоКолеџ републиканци
Младина
  • Млади републиканци
  • Тинејџерски републиканци
Женско крилоНационална федерација на републиканки
Странско крилоРепубликанци во странство
Членови  (2024) 36,912,555
Идеологијаконзервативна
Меѓународна припадностМеѓународен демократски сојуз
Бои     Црвена
Сенат
49 / 100
Претставнички дом
220 / 435
Државни гувернери
27 / 50
Изборен симбол
Мрежно место
gop.com
Политика на САД
Политички партии
Избори
Соединети Американски Држави

Оваа статија е дел од темата:
Политика на САД



Републиканската партија (англиски: Republican Party) е една од двете најголеми политички партии во САД (другата е Демократската партија). Основана во 1854[1] од активисти за укинување на ропството и за осовременување на САД.

Често ја нарекуваат Големата стара партија (англиски: Great Old Party или скратено GOP) и покрај тоа што е помладата од двете најголеми партии. Првпат доаѓа на власт во 1860 година со изборот на Абрахам Линколн и ја водела државата во Граѓанската војна во САД и големата обнова. Неговото водство успеало да го зачува единството на САД и да го укине ропството.

Денес, нејзините членови поддржуваат конзервативна платформа (според американски стандарди).

Републиканската партија имала околу 55 милиони членови во 2004 година, што претставува околу една третина од изборното тело на САД.[2]

Поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш е припадник на Републиканската партија и претставува 19. републиканец избран на таа функција.

Последен претседателски кандидат на оваа партија на САД е четириест и петиот американски претседател Доналд Трамп, кој беше на функцијата од 2017 до 2021 година.

Во историјата на државата, имало вкупно 19 републикански претседатели, најмногу од која било друга американска политичка партија, а од почетокот на 2022 година, Републиканската партија контролира 28 гувернерски позиции, 30 законодавни тела и 23 владини трифекти. [3]

Од февруари 2022 година, шест од вкупно девет судии на Врховниот суд на САД беа номинирани од републиканските претседатели Џорџ В. Буш и Доналд Трамп.[4]

Републиканската партија на САД се залага за помала федерална влада и за конзервативни (честопати десничарски) политики. [5]

  1. Браунстаин, Роналд (2017). „Where the Republican Party Began“. The American Prospect. Посетено на 26 јануари 2021.
  2. „Neuhart, P. (22 јануари 2004). Why politics is fun from catbirds' seats. USA Today'. Посетено на 2007-07-11.
  3. „U.S. Senate: Political Parties“. www.senate.gov. Посетено на 2022-02-27.
  4. „Current Members“. www.supremecourt.gov. Посетено на 2022-02-27.
  5. „House Republicans“. gop.gov (англиски). Посетено на 2022-02-27.