Претставнички дом на САД

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Салата на Претставничкиот дом на САД за време на обраќање на Претседателот.
Соединети Американски Држави
Greater coat of arms of the United States.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на САД



Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (англиски: US House of Representatives) е еден од двата дома на Конгресот на САД. Другиот дом е Сенатот на САД. Секоја сојузна држава на САД во Претставничкиот дом е застапена со одреден број на претставници кој е пропорционален на нејзината популација. Секоја сојузна држава мора да има барем еден претставник. Најнаселената држава, Калифорнија, на изборите во 2007 имала 53 претставници. Вкупниот број на претставници е 435. Претставниците имаат двогодишен мандат.

Бидејќи претставниците се избираат од помали и похомогени изборни окрузи (во 2007. еден округ имал приближно 693.000 жители) отколку сенаторите, претставничкиот дом се смета за многу повеќе партиски поделен.

Претставничкиот дом има некои ексклузивни права, како на пример да иницира закони за даноци, да покренува интерпелации и да го избира претседателот на САД во случај на нерешен резултат од директните претседателски избори.

Претставничкиот дом заседава во Капитол во Вашингтон, Округ Колумбија - главниот град на САД.

Поврзано[уреди | уреди извор]