Новела
Книжевност |
---|
Основни облици
|
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Новела е кратко прозно дело подолго од расказот, а пократко од романот и вообичаено содржи меѓу 17 500 и 40 000 зборови.
Често фабулата на новелите се состои од исечок за нечиј живот, па така најчесто содржи само еден настан и само неколку ликови. Дејството се случува во релативно краток временски период и на релативно ограничен простор во однос на романот.
Терминот е изведенка од италијанскиот збор novello, кој означува „ново“.
Настанала во почетокот на ренесанса паралелно со романот во времето на секуларизацијата и десакрализацијата на книжевноста.
За прв автор на новели се смета Џовани Бокачо, кој собрал 100 вакви прозни форми раскажани од 10 раскажувачи (7 жени и 3 мажи) во збирката Декамерон.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |