Прејди на содржината

Мехмет Оз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мехмет Оз
Мехмет Оз (2012)
Роден(а)Мехмет Џенгиз Оз
11 јуни 1960(1960-06-11)(64 г.)
Кливленд, Охајо, САД
Занимањетелевизиски водител, кардиоторкален хирург, професор, автор
ТВ програм(и)Шоуто на Доктор Оз
СопружникЛиза Лемол (в. 1985)
Деца4
Страница
Official website

Мехмет Џенгиз Оз, познат и како доктор Оз (роден на 11 јуни 1960, во Кливленд (Охајо), САД) — доктор од турско потекло кој живее во САД. Мехмет е кардиоторкален хирург, автор и телевизиски водител. Тој има свое телевизиско шоу Шоуто на Доктор Оз.

Шоуто на Доктор Оз е образовна и динамична програма, а Доктор Оз обработува повеќе теми во една емисија на начин разбирлив за широката публика. Тој открива нови информации за важните теми, инспиративни приказни и ги пренесува на само нему својствен начин. Заедно со водечките експерти од земјата, секој во својата област, Доктор Оз во секоја емисија обезбедува информации за подобро здравје, правилна исхрана, слабеење, како да останете млади во врската, како да се справите со конфликтот и стресот.

Две години по ред „Шоуто на Доктор Оз“ е добитник на наградата Еми во категоријата Најдобро дневно шоу од информативен карактер.

Доктор Мехмет Оз е кардиохирург, работи како потпретседател и професор на Колумбија Универзитетот и повремено изведува операции на срце. Автор е на повеќе од 400 публикации од кои 6 се најдобро продавани книги на “New York Times”. Магазинот “Time” го стави на 8-то место на листата од 100 највлијателни луѓе, а “Esquire” го прогласи за еден од 75-темина највлијателни луѓе во 21 век.[1]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]