Камп ноу
Камп ноу | |
---|---|
Целосно име | Камп Ноу |
Место | Барселона, Каталонија, Шпанија |
Координати | 41°22′51.20″N 2°7′22.19″E / 41.3808889° СГШ; 2.1228306° ИГД |
Започнат | 28 март 1954 |
Отворен | 24 септември 1957 |
Сопственик | ФК Барселона |
Оператор | ФК Барселона |
Подлога | Трева |
Цена на изградбата | 1.73 милиони евра |
Поранешни имиња | Estadi del FC Barcelona (1957–2000) |
Игра | ФК Барселона (1957–денес) |
Гледачи | 99.354 |
Камп ноу (Camp Nou) (каталонски изговор: [ˈkam ˈnɔw], ново поле), честопати грешно нарекуван и како Ноу камп[1] е фудбалски стадион во Барселона, Каталонија, Шпанија. Стадионот, сместен во западниот дел од градот, е домот на ФК Барселона уште од неговата изградба во 1957. На него се одиграле повеќе меѓународни мечеви на сениорско ниво и финалиња на Лигата на шампионите, од кои последното беше во 1999. Има сместивост од 99.354 седишта, правејќи го најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Неговото официјално име било Estadi del FC Barcelona (Стадион на ФК Барселона) сè до 2000 година кога членството на клубот одлучило да го смени официјалното име во популарниот прекар, Camp Nou.[2] Го држи статусот на UEFA стадион со пет ѕвездички кој беше заменет со нов систем на класификација.
Историја
[уреди | уреди извор]Изградба
[уреди | уреди извор]Изградбата на Камп Ноу започна на 28 март 1954 година, откако претходниот стадион на Барселона не можеше повеќе да се прошири. Иако најпрво било планирано да се вика Естади дел Барселона, попопуларното име Камп Ноу било искористено. Потпишувањето на Лазло Кубала во јуни 1950 година, на кој беше гледано како еден од најдобрите играчи на Барселона, беше движечка сила за изградба на поголем стадион. Изградбата на Камп Ноу започна на 28 март 1954 година пред 60.000 навивачи на Барса. Гувернерот на Барселна, Филипе Аседо Колунга беше првиот кој ја започна изградбата, со благослов од владиката на Барселона, Грегорио Модрего. Изградбата траеше три години, поминувајќи 336% над буџетот со конечен износ од 288 милиони пезети. Стадионот официјално беше отворен на 24 септември 1957 година. Архитектскиот тим беше составен од Францес Митижан, Жозеп Сотерас и Лоренцо Гарсија Барбон.
Рани Години
[уреди | уреди извор]Во мај 1972 година, Камп Ноу беше домаќин на неговото прво финале на Купот на Победниците на Куповите на Европа помеѓу Ренѓерс и Динамо Москва. Ренѓерс победи со резултат од 3-2. Седумдесеттите години беа одбележани како пресвртни години на ФК Барселона со потпишувањето на новиот играч Јохан Кројф во 1973 година. Две години подоцна електронски семафори беа наместени на стадионот.
Во 1980 година стадионот беше подложен на проширување, во очекување на ФИФА Светскиот Куп во 1982 година, со кое беа додадени ложи, вип ложи, нов дел за медиумите, нови ознаки и проширување за една третина и плус 22.150 седишта со што вкупната сместивост изнесуваше 115.000 гледачи. Клубот собираше средства за реновирање со испишување на илјадници имиња на навивачите на циглите на стадионот за кој навивачите донираа симболична сума. Ова подоцна стана тема на контроверзија кога медиумите во Мадрид изјавија дека долго годишниот претседател на Реал Мадрид и поддржувач на Франко, Сантјаго Бернабе бил комемориран на овој начин. Првиот значаен натпревар беше одигран за финалето на Купот на Победниците во кој Барселона играше против Стандард Лиеж, во кој Барселона славеше со 2-1 пред 80.000 публика. Камп Ноу беше еден од повеќето стадиони на кој се играа натревари од Светскиот Куп во 1982 година и беше домаќин на инагурациската церемонија на 13 јуни. Пред 100.000 публика Белгија ги растажи бранителите на престолот Аргентина со пораз од 1-0.
Развој
[уреди | уреди извор]Сместивоста на стадионот варираше со текот на годините, отворен со сместивост од 106.146, но потоа таа бројка порасна за ФИФА Светскиот Куп во 1982 година на 121.749. Покрај што е домаќин на ФК Барселона, Камп Ноу е домаќин и на Каталонската Репрезентација, нивниот последен меч беше во август 2010 година против Аргентина кој заврши со победа на Каталонија со 4-2. Стадионот често се користи и за други фудбалски настани. Финалето на Европскиот Куп помеѓу Милан и Стеауа Букурешт беше одржан на 24 мај 1989 година, во кој италијанскиот клуб победи со 4-0. Камп Ноу беше дел од неколку фудбалски настани, вклучувајќи го и финалето на Летните олимписки игри во 1992 година. За подготовска на овие игри, два додатни редови на седишта беа додадени. Камп Ноу подлегна на мала промена во 1982 година, освен за отворањето на клупскиот музеј во 1984 година. Стадионот подлегна на промени во сезоната 1993-94 година, во која теренот беше намален за 2.5 метри, сигурносниот дел што го делеше тревникот од галериите беше отстранет и стоечките соби беа отстранети за цена на столчиња. Нов дел за пресот беше направен, се реновираа претседателските простории, нов паркинг под главната трибина, ново осветлување и озвучување сето ова беше завршено за сезоната 1998-99 година. Во 1999 година УЕФА ги забрани стоечките делови на стадионите, и така сместивоста на Камп Ноу се намали на сегашното ниво. Стадионот беше домаќин на финалето од Лигата на Шампините во 1999 година во кое играа Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Јунајтед победи со 2-1 откако губеше со 0-1 но со два гола во продолжението дојде до победата.
Во 2000 година, навивачите беа изпрашувани за името на стадионот. Од 29.109 испитани, вкупно 19.861 (68.25%) претпочитаа Камп Ноу отколку Естади дел Барселона, и така офицјалното име беше сменето во популаренио прекар.
За време на сезоната 1998–99, УЕФА го рангираше Камп Ноу со пет ѕбезди за неговите услуги и функционалности. Сепак, по регулативите од 2010 година УЕФА веќе не објавува листа со најдобрите стадиони.
Објектите сега вклучуваат меморијална продавница, мини терен за тренинг мечеви и капела за играчите. Стадионот е исто домаќин на второ најпосетениот музеј во Каталонија, Музеј на ФК Барселона кој годишно го посетуваат околу 1,2 милиони посетители.
Иднина
[уреди | уреди извор]За да се прослави педесет годишнината на стадионот, клубот објави меѓународен тендер за реновирање на стадионот. Целта е објектот да се направи интегриран и видлив за урбаната околина. Клубот сака да го зголеми сместивоста за 13.500 и речиси пола од стадионот да биде покриен. Ако овие реновирања бидат завршени, стадионот ќе биде трет во светот по големина по Рунгардо Меј Деј стадионот во Северна Кореја кој има сместивост од 150.000 и Солт Лејк Стадионот во Индија кој има сместивост од 120.000.
На 18 септември 2007 година британскиот архитект Норман Фостер и неговата компанија беа одбрани да го реконструираат Камп Ноу. За сума од 250 милиони евра, во планот е вклучено и зголемвањето на сместивоста за 10.000 за максимална сместивост од 106.000. Одборот на ФК Барселона ја одобри продажбата на нивниот тренинг камп Мини Естади со цел да го финансира реконструктуирањето. Проектот беше планиран да започне во 2009 година и да биде завршен на сезоната 2011-12. Сепак, поради финансиската криза во 2009 година и постепениот пад на цените на недвижностите, продажбата на тренинг кампот беше одложен а со тоа и реконструктуирањето. Во мај 2010 година Сандро Росел, тогаш кандидат за претседател на ФК Барселона, ја отфрли можноста за продажба на Мини Естади, велејќи дека продажбата на кралскиот накит ќе биде неоправдана, и неговите избори во јуни делотворно го поддржаа планот за ремоделирање на Камп Ноу.
Други употреби
[уреди | уреди извор]Камп Ноу е употребуван за различни цели освен фудбалот, често е домаќин и на големи концерти.
Папата Џон Пол II имаше литургија пред 121.000 на Камп Ноу на 17 ноември 1982 година, на неговото прогласување за почесен граѓанин на Барселона. Во 1983 година Хулио Инглезијас настапи пред 60.000 луѓе, за што беше опишуван како најубав концерт. Други славни настапи на Камп Ноу ги вклучуваат и оние на Брус Спрингстен на 3 август 1988 година. На 10 септември 1988 година хуманитарен концерт беше организиран од Амнести Интернацинал за поддршка на човековите права, на кој настапија, Брус Спрингстенм, Стинг, Питер Габриел, Јусу Ндур, Трејси Шапман и Ел Ултимо де а Фила. Концерт на Трите Тенори-Жозеп Карерас, Пласидо Доминго и Лучано Павароти беше одржан на 13 јули 1997 година.
На 1 јули 2009 година стадионот беше домаќин на започнувањето на турнејата на U2 360° , кој беше проследен со максимална сместивост од 90.000. Пејачот на U2, Боно, објасни зошто ја започнале својата турнеја на Камп Ноу “Ова е местото каде што сакаме да изградиме влесенска станица. На крајот од концертот Боно го носеше дресот на Барселона.
На 9 август 1988 година, супеѕвездата Мајкл Џексон имаше настап пред 95.000 навивачи за време на турнејата Лош Свет
Во септември 2010 година двајца француски публикатори објавија дека Камп Ноу ќе биде домаќин на меч од француската рагби унија, гигантот Перпигнан од САД, клуб од Јужна Каролина кој има голем број на поддржувачи од Каталонија. Мечот е првично закажан за 16 април 2011 година против париската екипа Расинг Метро.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-07-23. Посетено на 2010-08-11.
- ↑ 68,25% гласови да се промени името во Camp Nou Официјално мрежно место (англиски)