Прејди на содржината

Исламска Држава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Војна во Ирак
Војна во Сирија
Подрачјето на Либија под контрола на ИС
Подрчаје на Нигерија под контрола на организациајта Боко Харам, поврзана со ИС

Исламска Држава (скратено ИД; позната и како Исламска Држава на Ирак и Левантот (ИДИЛ) или Исламска Држава во Ирак и Сирија (ИДИС)) е непризната терористичка држава[1] која под своја контрола држи големи делови на Ирак и Сирија. Формирана е на 3 јануари 2014 година, а на 29 јуни истата година била прогласена за калифат.

Од март 2015, контролираат територија на која живеат десет милиони луѓе[2] во Ирак и Сирија, и под номинална контрола држи мали делови на Либијa и Нигерија. Исламската Држава исто така оперира или има организации со кои управува во други делови на светот, вклучувајќи ја и Јужна Азија.[3][4]

Историја

[уреди | уреди извор]

ИСИЛ е првобитно формирана како милитантна група, која своите корени ги влече од сунитските фундаменталистички групи кои на почетокот во 2004 настанале во Ирак после американската инвазија т.е. воделе вооружена борба против американските и други западни трупи, а потоа формално изразиле верност на Ал Каеда.

ИСИЛ во текот на следните неколку години биле активни во борбата против ирачките шиитски паравоени формации, а после американското повлекување и против ирачката влада. Неговите активности во Ирак до 2012 година биле значајно намалени, и не се сметале за значаен фактор.

Меѓутоа, избивањето на граѓанската војна во Сирија на ИСИЛ им дала прилика да ја прошири својата активност на Запад, односно да склучи сојуз со други исламистички групи. Тоа меѓу останатото, во 2012 година се одразило и на освојувањето на градот Ал-Рака, кој станал првиот поголем град под контрола на сиријските бунтовници, но и седиште на ИДИЛ. ИДИЛ, набрзо влегле во конфликт со други исламистички фракции во Сирија, што во 2013 година довело до тоа Ал-Каеда да нареди негово распуштање, што водачот на ИДИЛ, Абу Бакр ел Багдади одбил да го стори.

Во јуни 2014, ИДИЛ презел голема офанзива во Ирак која довела до освојување на Мосул, Тикрит т.е. бројни страштеки важни градови ви северниот и централниот дел на Ирак.

Религија

[уреди | уреди извор]

Поголемиот број на населението на Исламската Држава ја сочинуваат сунитски муслимани. Водачот на Исламската држава се следбеници на салафизмот, екстремни верски секте кои настанале од сунитскиот ислам. Припадниците на останатите вери и секти (христијани, језиди, шиити), како и оние сунитски муслимани кои не се сложуваат со салафистичкото толкување на исламот, се изложени на прогон. 

Злосторства и кршење на човекови права

[уреди | уреди извор]

Припадниците на Исламската Држава убиле неколку стотини воени заробеници и преку 1000 цивили. На подрачјето под своја власт вовеле закони кои вклучуваат смртна казна, мачење и осакатување. Во Исламската Држава исто така се спроведува политика на етничко чистење на малцинското население (курди, асирци, ерменци) како и прогон на верските малцинства (христијани, језиди, шиити). Милитантите на Исламската Држава во своите редови регрутираат и деца, а злосторствата насочени против жените вклучуваат силување и грабнувања. Од страна на овие милитанти се киднапирано окоолу 450-500 жени и девјоки, од кој еден број од нив се претворени во сексуално робје. 

Забележано е дека припадниците на Исламската Држава убивале и сунитски муфтии и имами кои одбиле да положат заклетва за верност. Така во јуни 2014 во Мосул се убиени 12 сунитски муфтии и имами.[5]

Белешки и наводи

[уреди | уреди извор]
  1. http://www.newsmax.com/Newsmax-Tv/Ralph-Peters-ISIS-Obama-legacy/2014/07/09/id/581744/
  2. -{„Islamic State-controlled parts of Syria, Iraq largely out of reach: Red Cross” Архивирано на 13 ноември 2015 г..
  3. „Pakistan Taliban splinter group vows allegiance to Islamic State” Архивирано на 13 ноември 2015 г..
  4. Zavadski, Katie (23 November 2014).
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-16. Посетено на 2016-01-28.