Гамал Абдел Насер
Гамал Абдел Насер جمال عبد الناصر | ||
Роден | 15 јануари 1918. Александрија, Египет | |
---|---|---|
Починал | 28 септември 1970. Каиро, Египет | |
Националност | Египќанец | |
Познат | Претседател на Египет (1956 - 1970) | |
Занимање | офицер | |
Сопружник | Тахија Казем |
Гамал Абдел Насер (арапски: جمال عبد الناصر I 15.1.1918 - 28.9.1970) бил вториот претседател на Египет од 1956 до својата смрт во 1970. Заедно со Мухамед Нагиб ја предводел египетската револуција (1952) со која бил соборен кралот Фарук II и започнал нов период на индустријализација на Египет, едновремено со јакнење на арапскиот национализам.
Насер ги инспирирал анти-колонијалистичките движења и арапските револуции во повеќе земји: Алжир, Либија, Ирак и Јемен, а играл и значајна улога во формирањето на Палестинската ослободителна организација во 1964, како и во основањето на Движењето на неврзаните.
Насер се смета за еден од најважните политичари во современата арапска историја и во земјите во развој во 20. век.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
|