Борислав Каранфилски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борислав Каранфилски
Роден 31 август 1928
Куманово, Македонија Македонија
Занимање универзитетски професор, патофизиолог

Борислав Каранфилски (31 август 1928, Куманово) — патофизиолог, специјалист по јадрена медицина, професор и директор на Институтот за патофизиологија и јадрена медицина во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Борислав Каранфилски завршил основно образование и гимназија во Куманово, а потоа студирал на медицинскиот факултет во Скопје, каде дипломирал во 1955 година. Во 1957 година ја завршил Школата за примена на радиоактивни изотопи во Институтот за јадрени науки „Борис Кидрич“ во Винча, Белград. За редовен професор бил избран во 1977 година.[1] Се усовршувал во клиниките во Шведска, Англија, СССР и САД.

Бил директор на Институтот за патофизиологија и јадрена медицина, шеф на Катедрата за патофизиологија со јадрена медицина, декан на Медицинскиот факултет во Скопје и проректор на УКИМ.[1] Соосновач е на лабораторијата за радиоизотопи при Институтот, а бил и претседател на Здружението на јадрена медицина на Југославија.

Автор е на повеќе од 180 трудови. За своите активности добил повеќе награди и признанија, меѓу кои: Орден на заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Орден на трудот со златен венец, Орден на заслуги за народ со сребрени зраци, Орден на Републиката со сребрен венец, наградата „11 Октомври“ за животно дело и други.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​79-82