Орден на заслуги за народот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Орден на заслуги за народот (словенечки: Red zaslug za ljudstvo; српски: Орден заслуга за народ) бил орден за одликување во СФРЈ во три реда.

Орден на заслуги за народот од прв, втор и трет ред се ордени кои ги вовело претседателството на АВНОЈ на 9 јуни 1945 година, заедно со Медал за заслуга за народот. Одликувањето се доделувало „за посебни заслуги во изградбата на социјализмом и социјалистичките самоуправни односи, за организирање и зацврстување на општонародната одбрана, сигурноста и независноста на земјата, како и за заслуги во областа на стопанството, науката и културата“.

Автор на Орденот на заслуги за народот како и за Медал за заслуга за народот бил сликарот Ѓорѓе Андреевиќ Кун.

Со Законот за измени и допоплнувања на законот за одликување на СФРЈ од 1 март 1961 година извршена е измена на називот на орденот, и од тогаш орденот ги имал следниве редови:

  • Орден на заслуги за народот со златна ѕвезда (претходно Орден на заслуги за народот од I ред) - единаесетти според важност во редот на југословенските одликувања
  • Орден на заслуги за народот со сребрени зраци (претходно Орден на заслуги за народот од II ред) - дваесетти според важност во редот на југословенските одликувања
  • Орден на заслуги за народот со сребрена ѕвезда (претходно Орден на заслуги за народот од III реда) - триесетти според важност во редот на југословенските одликувања.

Доделувањето на ордените и медалите започнало веднаш по нивното усвојување. До 31 декември 1985 година биле доделени вкупно 5.668 Ордени на заслуги за народот со златна ѕвезда (I ред), 39.534 Ордени на заслуги за народот со сребрени зраци (II ред), 282.864 Ордени на заслуги за народот со сребрена ѕвезда (III ред), како и 430.666 Медали за заслуга за народот.

Изглед на ордените[уреди | уреди извор]

Орден на заслуги за народот со златна ѕвезда Орден на заслуги за народот со сребрени зраци Орден на заслуги за народот со сребрена ѕвезда
Изглед
R30-yo0375-Orden-zasluga-za-narod-sa-srebrnom-zvijezdom.png
Лента
Order of merits for the people with golden star Rib.png
Order of merits for the people with silver rays RIB.gif
Order of merits for the people with silver star RIB.gif

Литература[уреди | уреди извор]

  • Воена енциклопедија, Белград, 1975 година.
  • Општа енциклопедија ЈЛЗ. Југословенски лексикографски завод, Загреб 1980 година.
  • Борис Пристер, „Одликовања збирке др. Вељка Малинара“, Загреб 2000 година.